Џ

МОЈ ИЗБОР

Множина

Множина се многу

Може десет милиони

за да направиме народ

Сто илјади за град

Може и само двајца

кога се работи за љубов

и оттаму и народот

и градот

http://filipko.blog.mk/2012/06/01/mnozhina/

Sudir na svetovi

Сите ние си мислиме дека крај на светот е потоп од библиски размери, големи потреси, епидемии, скакулци, вулкани….

„Не“- велеше мојот професор- „ тоа се слики…световите се судираат секаде околу нас, секој ден, секој миг, секој час…“

Бев трето одделение и за првпат ме запишаа да одам на летување со другарка ми. Ме отекоа со фактот дека сестра ми била на летување уште пред да тргне на школо, а јас до лани со цуцла млеко пиев… и ајде тргнавме… патот беше долг и мачен, повраќавме, имавме цел арсенал рачен багаж со нас, да не ни затреба нешто, а ние сите по 15 кила одвај бевме. Бевме генерација на слаби деца, како да бевме неухранети. вакцините кога ни ги ставаа, никако не се фаќаа од прва. барем кај мене- редовно мораа да ме боцкаат уште еднаш. и патуваме кон планинското летувалиште, сите накитени со ланчиња од цревца. тоа беше во мода: да имаш роднина што работи во болницата, да ти даде цревце за инфузија, а ти да си направиш ланче : внатре се ставаше волница или монистра.

стигнавме, цел ден се распоредувавме. нас, 5 мали, не ставија со 5 големи девојчиња, мислам дека тие беа завршиле осмо одделение. креветите беа на спратови, јас и другарка ми спиевме доле.

Над нас беше таа- Иглата. Чудно некое девојче. Се гледаше дека е постара од нас, ама не беше како оние големите. Како да имаше некоја грешка во нејзината појава. Беше иглеста. Како да беше направена од игли споени за краевите. Човече од игли. Имаше тенки, ковчести  прсти кои мислам дека можеа да отворат конзерва без отворач, имаше некоја сила, некој скриен инает, кој нашил живеалиште во нејзијите дланки, потоа,  изгризени нокти до  живецот, остра безлична коса, која се гледаше дека е скратена со големи ножници, а најчудното нешто беа очите, погледот… таа не гледаше… уствари, кога гледаше во тебе, го имаш чувството како погледот да патува , патува не од неа, ами далеку од далеку, па  до тебе, и те поминува, и продолжува зад тебе. малку како изгубен, малку уплашен, малку препреден. таков беше нејзиниот поглед, на оние необично темни очи, кои како да беа позајмени. само тие шараа. се друго боцкаше. се движеше горе- долу, напред назад, како да имаше две димензии, како слика што се движи, а само очите и беа памучни, со чудна некоја мекост и со нив можеше да продре во длабочина.

Гласот нејзин, ох, тоа не беше глас, тоа беше роморење, како јазли да и излегуваа од устата, а не зборови. како да се слушаа повеќе гласови, како во неа да имаше уште некого чиј глас  се меша како  ненаместена радио станица, како да требаше да се договори со некој додека кажуваше нешто.

Немаше мајка. Кога бев дете,  во мојот град, животот на тие деца беше мрачен и мизерен. КАко да беа самите виновни што немаа мајка.

Тие беа деца со помала вредност. во секој поглед. Не ми беше јасно како беше сместена во нашата соба. Ние бевме на комшиска база, оти дотките живееја близу до нас.  После го видовме чичко и- тој беше еден од воспитувачите, па заради енго беше во нашата соба, која бтњ имаше тераса и демек беше голем ќелепур да си една недела у дивина во соба со тераса.

Неа никој не ја играше, т.е. таа не беше со никого. Учеше во друго школо, и немаше ниту една другарка.

Јас и другарка  ми плачевме за дома, бре не тешеа, бре незнам што, ние ќе се збудалевме од плачење и на крај дојде тетин и со фијатот и не врати дома. се осеќав како дезертер. дома имаше нов регал и мала масичка. во т.н. моја соба, која требаше да биде тоа, но никогаш не стана. собата која е твоја, треба да биде како матка, како постела, која ќе те прегрне кога ќе влезеш, а не соба со регал од крај до крај.

Ја видов Иглата после мнооогу години. Бевме на скара. Беше сабота, летно време, пред ќебапчилницата беа наредени маси на кои фамилијарно јадеа ќебапи родители и деца. Од секаде се слуша џагор, се слушаат и три различни музики, една од кебапчилницата, друга од кафичотлево, трета од колата на фраерот што мора да паркира на два чекора од кафичот, ама сега си прави муабет со цуците, чии фустани, минич до пич како да велат доџи и узми меееее*. Се си има свое време под сонцето.

На едната маса беа погласни од вообичаено. Се свртев и видов како 3-4 пијани орангурана седат со семејствата и гласно се смејат. Ја видов и неа. таа беше на другиот крај од оној што и беше маж. со своите иглести раце ги гушкаше децата кои мрмкаа да си одат, а тој инсистираше да останат. инсистираше да сотанат, нели пијан маж не знае што прави, ама никако не си ги бркнува двата прста во штекот. таа беше со оној чуден, вештерски поглед, имаше лик кој ем како да плачеше ем како да се смееше…како да не и се веруваше дека од оние гомнарите никој енма да застане на нејзина страна и да кажа, ај да си одиме, време е.. гледав пред мене како се судрија световите… светот на насилникот и на жртвата, светот на оние кои имаат и оние кои немаат мајка.

Ја видов уште еднаш. По неколку години. Не беше воопшто променета. Беше на телевизија. не, ова не е приказна со среќен крај. Шивачките од некоја конфекција штрајкуваа, па таа беше во позадината на снимката.

Беше тоа пред 2 години. Јас пресна бициклистица, отидов да с евозам до блиското езеро. Убав, свеж летен ден, со ветар у коса се возам јас на мојот лилаков точак, со кошница, и со  педали што кочат. нов е, таков го сакав.

Седнав во  кафичот што не работи, клупите се надвор. на другата маса седи жена и пишува нешто. можеби е писателка, си викам, а можеби се прави таква.

и гледам покрај езерото девојчиња, на 4-5 години. Голи скроз како се пентерат по дрвоот. не ми се веруваше. немаа ни купачи ни гаќи, како од мајка родени.

мајка им тажно гледаше некаде во длагите. изгледаше сиромашно. може е самохрана мајка. во 11 саат дента, во работен ден, само такви што се на гости како мене, писателки или некој без работа можеа да седат покрај езерото и да безделничат. девојчињата како да беа излегле од некоја авантуристичка книга. храбро и со голема леснотија одеа по стеблото што беше налегнато, а оттаму итро ќе се префрлеа на големото стебло и се качуваа по него. изгледаа многу кревко.

беа бели и нежни, како проѕирни. се плашев дека ќе се изгребаат дека ќе се повредат, ама не. тиа како да беа родени тука, како деца на дивината. движењата им беа природни. тие беа поубави и од езерото. сигурно се брануваше од милина кога шлапкаа во него. на улицата шетаат, возат мајки со колички, и некој точакџија. по едно време на точак поминаа две девојчиња со татко им.

таткото зборуваше ан мобилниот, ама ги пазеше, а тие возеа розеви точаци со помошни тркала, со сите салтанати: со лепенки, со Хелло Кити ѕвончиња (и јас имам такво), со реси на кормилото, со розеви кациги за глава, од кои им се подаваа кадричките. едното девојченце имаше разделени запчиња. Овие дивјачкиве како животинки  се беа приближиле до патот. застанаа и ги гледаа. и девојчињата на улицата застанаа и зјапаа во нив.

Не ми се веруваше!! Тука пред мене, на пет метри од мене СЕ СУДРИЈА СВЕТОВИ.

Светот на богатите и светот на сиромашите, на он ие што имаат едно и на оние  што имаат друго.

На оние во розевото не им беше јасно ккао е можно да се голи девојчињата, а овие гледаа во убавите точаци и облека, и по едно време, како да станаа свесни дека с е голи. никој никому не му се  пресмеа. голите цурки сфатија дека на асфалтот нема слобода, нема голотија. само со дрвјата можеш да бидеш таков каков што си, да се соблечеш до коска, и да бидеш ти. Се вратија кај мајка им. Седнаа до ена и молчеа.

Тој беше роден во село. Мајка му беше починала кога тој беше 3 години. После тоа татко му се ожени и се преселија во градот. Маќеата го тепаше стално.

Му даваше да јаде, а ако татко му излезеше во меѓувреме, му го земаше лебот и му го фрлаше во печката. Беа богати, татко му беше трговски патник, а тој беше мрсулав и неизмиен, гладен и жеден. Имаа кревети, ама таа не им даваше на него и на брат му, кој уште беше бебе да спијат на кревет. ги ставаше под масата и ги покриваше со едно палто.

брат му се разболе. го дадоа на посвојување во едно село. тој кога и да ја начекаше задната врата отвороена, заминуваше да го бара брат му. Маќеата беше болна. Имаше туберкулоза. Го плукаше за да се разболи и тој. Кога имаше пет годни,  таа умре. само за тој миг има кажано дека му останал во сеќавање и дека му лекнало.

почна да оди на школо. градските деца не го сакаа. му викаа сељак. Децата знаат да бидат многу сурови и брутални. Смешното во оваа ситуација беше, што и тие беа дојденци, ама сите велеа дека се од Кукуш, а не од некое село во близината на Кукуш. И имаа свои мајки и свои приказни. тој немаше ни мајка ни приказна. учителите беа уште посурови. ги делеа децата по истиот принцип, на градски и на селски, на оние што имаат п‘лна, преп‘лна петица, и на оние што беа од село.

Тој имаше другар. интересно, имаа исти имиња, ама него го викаа Ѓорге, а другар му Гога. Гогата беше од градска фамилија, ама ас градска. Татко му доктор, мајка му учителка. Баба му беше голема  госпоѓа,  жена која никогаш за никого немаше кажано нешто лошо. Нивното другарување од прва, немаше иднина.  Во малите средини не опстојуваат такви пријателства.

често родителите се тие што им ги бираат другарите, а на Ѓоргето немаше кој да му го направи дури и тоа, оти немаше мајка. Ама чуда се случуваат. Гогата беше праведно момче и најмногу уживаше да е со својот другар. ОДеа во паркот и по цел ден си измислуваа приказни и се смееја. Се плашеа кога дојдоа во петто одделение дека нема д а знаат француски, а сестрата на Гогата велеше: „Што се плашите? Француски е многу лесно. На порта се вика ла порт.

Татко му на Ѓоргето имаше и трета жена. Бе седум деца, кое донесено, кое преродено, ама Ѓорѓето не се чувствуваше како дома. Парите што му ги даваа си ги чуваше за да оди на кино.  И се случи еднаш требаше да одат на кино,  но џепарлакот на  Ѓоргето беше истрошен, а  татко му беше на пат.  А кажаа дека имало некој каубојски филм. Ѓорѓето беше луд по филмови. Ама баш тогаш немаше пари. И се најде во небрано, почна да измислува приказни, дек а треба да оди дома, му беше непријатно да каже дека нема пари, оти беше срамно да кажеш дека немаш. И Гогата знаеше што е работата, ама беа деца и не знаеше како да помогне, а да не го навреди.  Баба му на Гогата ја виде ситуацијата и да ја олесни работата, рече: „Ѓорге, мора да одиш, Гогата не го пуштам со друг да оди. Ајде,-почна демек да ја забрзува работата, еве пари,   купете карти и за двајцата и одете!“

Им олесна и на двајцата. Реакцијата на баба му на Гогата беше со исто значење како и Биг Бенгот.  Се создаде ново соѕвездие.

http://lepangelina.blog.mk/2011/09/02/sudir-na-svetovi/

Ne sakam da se vrakjam doma

Сите ме чекаат да се вратам

За да се родат.

Ме чекаат да се вратам

За да умрат.

Ме чекаат …

А јас немам време,

Немам кога.

Сите ме чекаат да се вратам …

Да ме дочекаат,

Да ме испратат,

Да ги испратам.

Ме чекаат …

А јас немам време,

Немам кога …

Да застанам,

Да се поздравам,

Да се збогувам …

Збогум!

http://fucked_up.blog.mk/2011/08/17/ne-sakam-da-se-vrakam-doma/

I Glupson rece

Сам ќе прам партија јас, за демократцки просперитет на децата шо локаат ракија ДПДЛР, неќам коалиција, или можи да размислам за коалиција со партија за унапредување на мешаната салата во шопска ПУМСШ.

Салатата е составен дел на ракијата, то ти е исто како да порачаш каве по кафичине и ко ќе ти го донесат и шеќер ти носат. Ете така.

Памтам еднаш групно ко се запивме на рок фест од временската машина (ракијата моја) и…и толку памтам.

РАКИЈА. Збор составен од 6 златни букви кој на видум не значи ништо, ама ако се задлабочиме ќе видиме дека стварно ништо не значи. Збор ко збор. Ама ракија ко ракија, е тоа е друга работа. Ракијата е еликсир на младоста.А и чудотворна е, чудесии прај. Кога пијам ракија, другите ми стануваат интересни…Есента зачекори во нашиот крај.

Издавам плац. Местото кај шо ми беше црнио џигер…

На некој глата в мозок му мава изгледа…А за досадно…Не можи на шизовреник да му е досадно, стално си има соговорник.

Во живото има само две добри нешта, а тоа е: РАКИЈА!

Знајш дека две работи во живото не давам. Хард диск и се друго шо ќе ми побараат.

Сеи, не се ѓибам со скопјаниве, можи да ме закачи некој в гла со чантичката, огледалцето…

Јас ќе си поќутам, да не ми се соберат поќе души (скопјани), па да земат да ме газат со штиклите…

- Леле брат, пак ми се клеца!
- Оти бе пак, кога клецаше?
- Абе и вчера ми се клецаше!

Ви имам кажано на вас шо ме познаате пубоо дека неќум ненормален да ми викате, АБНОРМАЛЕН ќе речиш, да личи како да сум нешто наѓомити паметен.

Абе за то имаме по две уши, за од едното да влегва, од другото да излегва.

Не се задевај со јуначиште ко мене јасно!?
Мајка уште еднаш ваков јунак ко мене не раѓа…абортира.

Надвор иљ пљур, арно ама треба да фаќаш џаде, обврска си е обврска. Нормално не земаш чадор (пошто последен пат си носел во второ одделение и си го заборајл под клупа) планираќи да прежалиш некоја миљарда за такси. Притрчваш кон најблиското такси, задаваш координати и уживаш на семафори. Полека се наближуваш кон целта. Јееееее, тука сме. Наплаќаш, културно се поздравуваш со таксисто кој ти кажва дека вратата која се обидуваш да ја отвориш не се отвора. Ок, ништо страшно. Излегуваш од другата, прајш неколку чекори и еден забрзан чичко со фолцвагенче бичи покрај тебе и те прај исто како да си излегол налето од охридското езеро после мочање. Си мислиш во умо како да му се одмаздиш. Си прајш филм дека ќе му ја начекаш колата на паркинг и ќе му ја изгребиш со седумнајска чатал…Ама едно време ти иди мисла дека можи друг забрзан чичко да помини, не мора со фолцвагенче, па да треба и него со седумнајска чатал да му ја гребиш колата…Брзо набрзо го запираш првото празно такси и бичиш дома, да си облечиш нешто друго, пошто онака убоо искапен, греота е да не си облечиш нешто чисто, испрано…И после се, пак се враќаш на првичните координати со такси, завршваш работа за 3,4 минути и си заминваш дома целио радосен од прошетката. Сингинг ин д рејн.

Ете јас на ќемане се учев прее да свирам…А попат незнам да одам, некни мислев увото ми свири, дури прашвам кое уво ми свири, ќе мизгазеше колата шо идеше зад мене и ми свиреше…

Па сеа…Ако не ви е грев сам да ме остајте, добро, не се лутам, добро бе нема проглем…Абе не се лутам…Ја па сеа…Доброооооо…

Колку кафиња мана? Ццццццц, црно ќе мочаш знајш? То се си се меша во стомако. Како вино ко ќе пијаш и другио ден преврило, се сторило и ракија излегва…

Абе многу знам јас за јадењето и пиењето. Еве уште еден пример ќе кажам, а то е ко ќе јадиш кикиритки, кикиритки еден куп, ехеееееееееее и другио ден сето то како вегета излегва…Има и други примери ама сите да не ги кажвам.

Оу јееееееееееееееееее. И не мора да се вртиме на рингишпил, од ракијата глата рингишпил ќе ни биди.

Зато мене ми се приспива, а еве и коските почнаа да ме вртат…Стар чојак да не се роди…

Абе ногу сугарен граво, дури сега за копае стаса? Јас гобрав. Мешунка за мила убајна. Абе да ти е мерак да прдниш грав.

Нешто полесно сакам за посабајле. Ражнич, вешалица, плетенка…Така нешто.

Абе ај шо било нека е, само побрзо да е, осеќам голема празнина во стомако, црна дупка, ќе ме вшмука…

Кафе не пијам, можи ракија топла. Ај во чест на граѓаните од Етиопија да вртиме хулахоп (со прстен).

Да, нашите раце се за друго, особено десната…

Со лева исто ко со туѓа.

- Кај си море куре мало? Да ти јади татко ти курето!
- Е тебе да ти го јади!

Сам востание ќе кревам вечерваа а? Е ако де…

Шо ќе се напијаш?

Тури една ракија од нога да манам, умо ми систае денес на работа…

По дома како?

Рака на џигер арно е, Чак Норис да чува од полошо. Струјата ни ја исклучија поради сметки неплатени, ама ако, убоо е. И телефоно, ама ако, глата да ми тивни. Сношти дојдоја неколку души на врата:
- Дрва да не ти требаат?
- Не бе!
И денес станвам, ги нема дрвата во дворо, ама ако, јас така му реков, не ми требаат…

Децата на школо одат?

Абе от, ама исто ко да неот. Еднио поголемио на учителката за внуче и окарал, а ова помалото солзавец фрлил в училница…Невоспитани ми биле. Пичкаму мајчина, нека ги воспита мајкаму, не само кафиња со комшиите да му се мочам во ними…

Слушам си ги остајл цигарите?

Ги остајв, ама заборајф каде, сега качак виткам, имам машинче…Него друго ми беше муабето, да ом да си легнам оти попара сум, тест за интелигенција праев, негативен излезе…
Ај со здравје со добро…

Сам ме остајфте и почнав сам да си прам муабет, ама има две причини за тоа:
Сакам да зборвам со некој умен и сакам да слушам некој умен.

…Цк. Не е то то. Таа млада, згодна, прави ноџиња, избушаена коса… Се бапка глаечки во тревичкана, во цвеќинана, песо седелка кај шо имаше напраено, кај шо спијаше, пред да го спобрка бате Боле, ради љубомора шо така фино си уживаше… Нурнува таму, блува…Летаат тоа шунки, кулен… Жими сите капаци на фискалните, ама поогорчен одамна не сум бил. Кој остајл сама таква красна појава? Или…Или е лањо табиет, па си заслужила…Водичка, швепс, се накрена. Се освесте. Се заблагодаре. Се втера в такси, се џембоса. Не ја видов пак. Дали дека е лањо табиет не иди, или пак незгодно и е…
Втора. Ни трета ни рикверс. Втора! Во втора времето врви мичку пајчин, ама на назад…
На пат кон дома.
Содржина:
Клапети, клопети, клепети…(чекорите се ова)
Добро е, дома сум. Осеќам празнина. Во стомакот. Отворам фрижидер. ХИ-МЕН празнина. Во фрижидеро само мраз и тро мраз. Е не ја бива. Не можи секој ден исто да се јади. Ќе се заеби организмо. Денес не сум расположен за мраз, а и за организмо ми е…
- Ало, како си? Дали сакаш да поминам, сакам да те видам (лажам, ми се јади…)
- Мхм, ај дојди…
Можеби имаше уште нешто да ми кажи, ама јас слушнав доволно.
Вечера ми напрае бе, во 2 сато по полноќ…И чоколадо Пионир од 200 грама ми чувала…
И се приспа. Па и време е.
Ќе спијаме.
Кур ќе спијаме. Биоритамо ми е напраен хемиоритам. Какво спијање мазала…Ај скришум ќе бувам со фонтелето по интермец…Не бе брат. Не поминаа неколку минути, ме зашиба в ребра:
-Доста чкрапаш бе досадо една! На нерви одиш, ќе ти го фрлам во ве це шољата…
Аха, од чејзо си го дојсе, па ќе го фрлиш…Нејсе.
Ај да спијам.
Не, ај ќе мислам.
Мислам…
Нема пубоо.
Сам си е сам, макар и мраз да се јади.
Можи мириса станчето на киселко ко ќе влезиш, така во ходничето мава…додуша не на киселко, на кислојни салам мава, а никако да откријам шо е финтата, да беше во дневната ќе сторев ниет, ќе видев под кревет, можи сум заборајл некоја умрена тинејџерка шо јадела домата…Ама не, таму арно е…
Ако. Кислојна мислојна, ама рает.
Цимерка. Кој пробал се заебал.
Ете го Манца кажва:
- Не ја бива брат, не е то то. Да сакаш да намамиш нешто ЧУЖДО, нема кај да го носиш…Вака не мојш ни да намислиш, не да намамиш.
Ех мој Спаско. Шо дочека и ти. Колкава љубов беше тоа. Години поврзани. Еден без друг не можевте. Ни ти без неа, ни таа без тебе. Ама дојде крај. За мали нешта раскинавте. Премали. Таков е живото мој драг Спаско. Се потрудив да ви ја обновам љубовта, се потрудив да ви најдам видео кабел со 12 пина…Мој драг Спаско, нема, таква врска поќе не постои. Сега по ново Спаско. Педерска работа. Видео каблите од двете страни машки се. Машко со машко. Модерно било…Педерска работа…
Ама ете, биди среќен шо пак имаш на шо да ја искажиш твојата преголема љубов. Новата љубов не е таква крупна, згодна ѕверка како претходната. Нема такви облини, нема толкав задник, ама барем помалку годинки има…Името и е исто мој драг Спаско, нема да се збуниш сред некој процес да ја именуваш поинаку, па искри да летаат, да рокни напојувањето…
Спаско, треба да фаќам џаде…
Ќе се вратам, ветувам. Ќе манијачиме кокофчина по интермец…Додуша тебе ако ти дозволи новата љубов, а мене ако не ми ги искрши ребрата…
Поздрав Спаско, треба да одам. Втора и денес. Ако. Уште денес. Си одам дома Спаско. Дома! Конечно, после 1 месец, 4 недели и 14 дена, јуначиштето си оди дома…

Е ајде де! Во вакви ситуации ни моето посрано, мрчаторско, професионално деформацииште не помага…Шчо напраифме…

Колку само се приближуваме до Јапонија. Земјотресите лека полека ќе ја донесат до кај нас…

Сношти една во минич, со прави нозе без целулит, со ептен добар разладен уред за загревање (деколте), многу убаа фаца, полни усни, ептен убај очи…дојде кај мене на работа и ми побара телефон и адреса на живеење. Ми рече дека денес ќе поминела да зачисти и да ми ги измија пајнците.

САЈБЕР ПИЈАНЧЕЊЕ, права ствар (јас го патентирав ова, зинает за глупоста наречена сајбер секс). Земаш алкохол шо го имаш на располагање во моменто (ако имаш ракија, тоа е права ствар), мезенце ако се наоѓа (ако не, биди здрав и жив)и си се пијанчиш со пријателчината ширум државава, шо се онлајно. До сабајле пијан тенџере .

И да живеат децата на нашите родители!

Знајш дека Јегер ти е уствари ликер Крушковац и Кокта од Колинска со едно крукче портокал? Јас испробав, жими младоста.

Никош на никој му немам кажано шо сакам, тие шо ме знат, знат дека сакам свинцко, ракија, салата и трактор Фергусон.

Тебе да ти дам, на друга да и дам, на трета…Ќе ми изваат муабети, нимфоманка ќе ме сторат.

То е упропастување на ракијата, наместо за убоо да се испија, за свадба се чува.

Абе погреб, свадба…то ти е иста работа, само шо во вториот случај на живо закопуваат.

Шо би се рекло: Живееше, живееше…И се ожени

А – Алкохол
Б – Биртија
В – Вино
Г – Гролш
Д – Друштво
Ѓ – Ѓон (пијан)
Е – Електрична скара
Ж – Жолта Тиквешка
З – Златен Даб
Ѕ – Ѕидарско пиво (од полкило де)
И – Ирски паб
Ј – Јагодинско
К – Казан (за ракија варење)
Л – Лозова ракија
Љ  - Љубител (на ракија)
М – Мезе
Н – Нафора
Њ – Њујорк Жежо (позната биртија во њујорк)
О – Отров
П – Пијаница
Р – Ракија
С – Салата
Т – Топлена ракија
Ќ – Ќор (пијан)
У – Уштипец
Ф – Фурна
Х – Хик (икање, пијана работа)
Ц – Црно вино
Ч – Чаша ( со ракија)
Џ – Џомба ( во пијање ракија)
Ш – Шише ( со ракија)

Сакам да кажам дека многу го тупите со то филозофиите, сакам шо побрзо да стигните до периодот кога ќе сфатите колку време сте потрошиле на нешто непотребно и колку време сте мочале спроти ветро. Од искуство…

Живот. Влез – излез. Тага, радост, бол, задоволство…Ги примаме со тесна или широка прегратка…Денес незнам колку да ги раширам рацеве…

Сепак, ги надув образите, ја кренав главата, си ја зедов јакната и излегов.
Сосема горд.
По пет минути се вратив…

Ем кока кола не пијам (не оти сок не пијам, сок пијам понекош со алкохол помешан, ама кока кола не е сок, кока кола е киселина шо не ја бива ни за салата…) ем Дедо Мраз-овци не поштоам!
Хоу хоу хоу рече Дедо Мраз и побара 100 денари за сликата…

Немам предрасуди, ги мразам сите!

Ако утепаш геј аутоматски утепуеш карика у еко систем…

Никош не пијам, освен ко ќе сум сам или во друштво.

Секош ќе го завршвам започн…

Абе можи имам 27, ама топки фрлам ко за 19, а и експерт сум за праење чоечина во снего (и во други услови, имам доволно репро материјал).

Ме мрзи. Увек ме мрзи. Не памтам кога последен пат не ме мрзело. Ете сега ме мрзи да…

Секогаш сум подготвен да сослушам се’ од секого, но не ми се зборува. Нема веќе никому што да кажам и не сакам никого да залажувам, па се’ што кажувам е тоа дека немам што да кажам. Главата ми е полна со букви, а од буквите никако да создадам веродостојни зборови. Се откажав од барањето на секакво решение…
(Лажам, глата ми е празна скроз).

Плоштина на колце е ЕР на КВАДРАТ по ПИ. Чуди се јас оти колцата на возо бучни се, лупаат. Е не лупале тие, квадрато лупал…

Доколку имате Форд Мустанг Бос, Харли Дејвидсон, одлични другари, згодна женска…кажете и НЕ на дрогата!

Нема друго чаре, мора бубрек да продаам, Никон апарат за сликвање да купам, шанкуре да се напрам…

Немам женска и многу ја сакам!

Можи сум грд, ама барем сум глуп!

Ми фрле око, ама јас и го фрлив назад…

Шо буржоазија ќе беше оваа денешна младина…Купва мастики и плаќа со некоја непозната пара. Викам:
-Колега, абе оваа со стари пари ми плаќа, немам видено јас вакви денари…
-Абе брат, абе пет иљади денари се тоа!
-Ај Чак демет, до вчера немав видено иљадарка, и тие ги мислев стари пари….цццццц до кај дојде светов, младинава…јас па сирома, во џепо неколку грошеј, колку за кафе од афтомато, чунки тој за нас сиромасите е клаен, за со грошеј, а чорбаџиите…

Се’ си има свој крај, само колбасо има два краја.

Петти Њутнов закон: Паметните немаше да бидат толку паметни ако околу нив не беа купиштата со глупаци.

Ништо не е како шо беше. Се’ течи (некои работи погусто, мруслите, пример) се’ се менува (матичнио доктур, освежувачо во нужнико…Пример), нешто на полошо, а нешто на уште полошо…Се изменаа времињата. И салатата не е онаква ко шо беше. Некако ко и таа да ми е изменеата. Не крепи ракија оваа салата ко едно време шо крепеше. Така некако мене ми делува. Ебати салатата шо не крепи ракија…

Го мерев Корзото во Битола со стапки, од кај сато до кај Бомбата…

Мхм, а волко од за дрвото, дури си го бришеше газо со трева, ја праша Црвенкапа во кој ден се паѓа Мртва Сабота.

Колку сликчиња од животинско царство е потребно да се соберат за пилето да ја премини улицата?

Зошто има коњски сили, а не магарешки, пилешки, свински, кулен, сланина, бут, врат, панцета, Солета летна, чичко пушти летки, на Јуфцето стрика му…?

Кое е името, презимето, адресата и матичниот број на пронаоѓачот на чешањето на каснато од комарец?

Нема шанси! Единствено ако пилето ја премини улицата, шо не вервам да има клешти, се на се 120 денари.

Автознак за хамбургер, ако се познати седумте оревчиња, број на индекс 71 и сок на претворање од боровница?

Оти на зима можам со мочање да си го напишам името во снего, а политанките во ресен 25 денари?

Абе шо Нокии се овие новите Мотороли, кој ги прај, Сони Ериксон или Самсунг?

Шо им рече Џоли Џампер на Супермен и на Могли, додека летаа накај замокот во кој беше Заспаната убавица?

Еј да,дено на дрвото(и имендено мој), ама не ќе можам јас да се приклучам, имам работа, ќе ја сечам црешата во дворо.

Ми треба продавач за продавање кикиритки на парче.

Треба да се отвори тема  НАЈГЛУП ПОСТ НА ГОДИНАТА, ги има такви, пример како овој мојов пост сега.

http://ipkisijameskosa.blog.mk/2011/08/03/i-glupson-reche/

Cavkata i pticite

Сакајќи на птиците да им прогласи крал , Зевс им задал рок на птиците сите да дојдат кај него , а тој најубавата ќе ја прогласи за крал. Чавката добро знаејќи колку е грда , отишла и собрала по еден пердув од другите птици на коишто им отпаднале, па го ставила на себе и цврсто го залепила. Така , се случило од сите птици токму таа да биде најубавата.

Дошол договорениот ден , и сите птици се упатиле кон Зевс. Тогаш Зевс ги погледнал сите птици и секако најупадливата и најубавата ја одбрал . Тоа била чавката. Но птиците си ги препознале секоја својот пердув и секоја пошла да си го земе . Така чавката повторно станала чавка .

http://gocheska.blog.mk/2011/05/04/chavkata-i-pticite/

od kaj Glupsona kradeno

Палп Фикшн

Мора да се разоткрија оваа историска заблуда која ни ја подметнаа нашите и вашите баби, дедовци…
Се работи за волко. За овај голем домаќин чоек и мераклија на ракија се изречени еден куп невистини, а тоа е со цел да се прикријат злосторствата на Црвенкапа, Трите Прасиња и Седумте Јариња.
Значи вака:
Волко инаку бил ептен фино момче. Ногу си учел. Со сите петки преминвал. Во средно бил првенец на генерацијата, а и на факултет не бил лош.
Тој не ја запрел Црвенкапа, како шо се шират гласини, за да ја упати по погрешен пат, туку ја запрел да ја праша колку е сато за да не закасни на факултет, ама Црвенкапа била толку безобразна па му рекла: “Ај шо тебаaм ко непејш на радио” и си заминала.
И Црвенкапа на баба и не и носела погача ,кифлички, сокче, туку и носела касети со шпански, турски и индиски серии и цедејки со турбофолк музика.
Волко не пошол кај бабата за да ја изеј, туку пошол за да и наплати за струја (оти кутрио бил ептен сиромав, па морал некоја миљарда да извај за да си ги плати испитите, па затоа работел како инкасант), ама оваа никаквата неќела да плати и го викнала комшијата кој бил ловџија и пуздер го напрајле волко.
Трите прасиња. Е овие прасињава ич не биле цвеќина за мирисање. Тоа ти биле едни тезгароши и муфљузи и имале еден кафич и ставале вода во кока-колата и пуштале ногу гласна музика. Волкот живеел одма над кафичо и од прегласната музика не можел да се сконцентрира, а морал да учи оти в четврток имал испит од 9 сато. И ошол во кафичо и им рекол ногу ферски, да не речам чоечки, да ја намалат музиката оти ќе им ја искрши кичмата, ама овие не та не. И на крајо му пукнал негативо, па ко фатил да ги ака од то шанко и едно време почнал да ги крши џамојте, ама се уклучил алармо и дошла милицијата. Абе лом и кисела вода го напрајла.
А седумте јарина не биле нишо поарни. Тоа ти биле едни разгалени, едни никакви и одвај чекале мајка им да замини на пазар и тие да почнат низ џамо да ги маваат луѓето со јајца расипани (сматоци). Е се погодило еден ден да го шлакнат волко. Ко се изнервирал овај, додуша и така бил изнервиран оти паднал на испит (оти не науче убоо, умо му го истае милицијата од ќотеко шо му го удре), па ко му се качил горе, па ко ги размаал то јарината по ѕидој… И пак милицијата го прекршила од ќотек поради малтретирање на малолетници.
И сега драги мој пресудете сами, дали волко е чурук табиет ко шо ви кажваа на времето бабите и дедовците, оти така и тие виделе на вестите во седумипол сато.

http://ipkisijameskosa.blog.mk/2011/04/11/palp-fikshn/

I trepkaat…

И трепкаат кога ти зборуваат за нив.

Не знам дали сум ти кажала, ги одбирам сокаците,
и ѕиркам низ прозорците, потоа пишувам за тоа
што и рече мажот на жената…тогаш, еднаш, кога ја сакаше најмногу.
………………………………………
и немаше во напишанотo ништо со мирис на цимет
(зошто сите го пикаат циметот)
и боја на небо или море, река,
( зошто сите го пикаат синотo)
… а косата и е ко свежо набран
магдонос во китка,
… ох, но зарем е тоа важно, јас секако дека на крај
ќе ја убијам љубовта во нив…

оставена на тацна ко бакшиш, голем бакшиш

кој во секоја прилика ќе биде споменуван.

Луѓето најдолго ги паметат несреќите. И трепкаат

кога ти зборуваат за нив.

http://promenlivo.blog.mk/2011/01/31/i-trepkaat-koga-ti-zboruvaat-za-niv/

Crna kutija

Огромната популација во Рајот се состоеше од духовните личности на сите умрени луѓе кои едни на други си беа достапни за целосен увид и комуникација бидејќи беа блог-фајлови во единствената папка, фолдерот Рај.
Како фајлови, личностите беа опремени со постојано активни компјутерски процесори со терабајтна кеш-меморија за тековно и трајно меморирање.
Фајловите во нив самите имаа оперативен систем со потенцијал да им овозможи создавање записи. Откако еднаш ќе ги забележеа во нивната трајна меморија, записите остануваа вечно достапни за увид на сета рајска заедница – немаше можност за едитирање и бришење. Исклучена беше и можноста фајлот да направи копија на самиот себе. Едни со други комуницираа со оставање коментари на поединечните записи кои така стануваа форум отворен за дискусија. И коментарите остануваа вечно.
Практично, секој блог-фајл беше збир на духовната вредност која човекот ја донел од својот земен живот, надградена со неговите рајски записи и коментарите на другите блог-фајлови.
Системот нудеше и брзи пребарувања како во фолдерот Рај така и внатре во содржините на секој поединечен блог-фајл. Секој знак од името на фајлот беше линк до сите други фајлови кои таков знак содржеа во нивното име. И секој знак од содржината на секој фајл беше линк до сите такви знаци во другите блог-фајлови.
Значи, Рајот функционираше како еден огромен Фејсбук-интернет ѕид.
На него имаше прозорец од кој сета рајска популација можеше преку интернет мрежата да следи што се случува на Земјата но без можност за било каква комуникација или влијание. Рајските жители беа само воајери.
Целиот систем на фолдерот Рај функционираше како една црна кутија во која само влегуваа податоци.
Сила која кутијата ја одржуваше во вечен живот беше ноетичката енергија што секоја личност при својата умирачка си ја донела со себе. Без оглед колку малку личноста  донела од својот земен живот, сега во Рајот таа имаше подеднакви стартни можности, за сопствен развој да ги користи заедничките енергетски ресурси. А тие со користењето само се зголемуваа бидејќи ноетичката енергија се создава исклучиво преку мислењето и меморирањето а во Рајот на блог-фајловите тоа им беше единствениот начин да покажат дека се живи. Затоа секојдневното следење на земниот и рајскиот интернет и оставањето коментари на рајскиот интернет-ѕид се сметаше за неопходна духовна вежба со која блог-фајлот самиот себе се воздигаше со знаење.
Всушност, во разните форумски дискусии на рајскиот интернет ѕид како веродостојна беше прифатена теоријата дека Бог, откако без претходен предмер и пресметка ја создал Вселената, се соочил со проблемот како да ја надгледува во нејзините огромни димензии кои, во радоста на создавањето, му се испуштиле од ракавот.
Решение за сопственото движење во тој огромен свет Бог нашол во ноетичката енергија што самиот си ја создавал мислејќи. Но таа ниту била доволна по количество ниту квалитетна по разновидност па Бог, бидејќи семоќен, го создал човекот на Земјата според образот свој и му дал дух да мисли и наредба да се размножува и да се воздигнува до голема умствена зрелост.
Експериментирајќи повнимателно, Бог утврдил дека разновидноста во мислењето кај луѓето создава многу поголемо љубопитство за знаење па затоа го напуштил првобитниот концепт за земна рајска градина и еден бог/една вера и оставил луѓето самите да си измислуваат богови и религии и меѓусебно да се конфронтираат околу нивната првенственост.
Исто така, за збогатување на разновидноста, единствениот јазик што Бог првин им го дал на луѓето, потоа така им го збркал што тие уште повеќе морале умствено да се напрегаат и да учат.
Од напорите, им се зголемувале мозоците а знаењето само по себе станало и причина за нивните постојани препирки кои многу често се претворале во истребувачки војни.
Тоа ја правело неотичката енергија од луѓето прилично нестабилна за користење па Бог решил дека тие не треба да бидат вечно во таква нервозна состојба. Смислил луѓето да се смируваат умирајќи како тела а нивните души да се претвораат во мислечки фајл-процесори во Рајот, каде, ослободени од похотливоста на земниот живот, посветено и вечно, без потреба за починка, ќе размислуваат, учат и дискутираат, генерирајќи така стабилна и многу квалитетна ноетичката енергија.
Се сметаше дека фолдерот Рај е всушност погонското срце на Божјиот вселенски брод а дека за негово успешно функционирање е ограничен како црна кутија. И блог-фајловите беа задоволни од тоа што имаа целосен увид во животот на Земјата, иако не можеа на своите таму оставени мили и блиски да им кажат за сето ова.

http://lupcobocvarov.blog.mk/2011/02/07/crna-kutija-2/

SNG

Ова го напишах во 2008 и 2009  и сега го прочитах пак и видов дека важи за 2010 и не треба да се обновува како извод на родените не постар од 6 месеци, не дај боже пак да се родиш во меѓувреме, па да ве има двајца.. и шо саках да речам… а да , шом важи може да се тури и за 2010 не?

.

E blogeraj vi e neso ko nekoja web strana vo koja tova se sobirat idnividua koi ne gi sakat forumite I ne se vikat forumdzii, nego blogeri ( ne blokeri ni brokeri I ako ima tuka ponesto od seto ova) I si pisuvat sekoj na svoja stranica koja se vika Moj Blog.

.

Se sobralo drustvo od individua, koi se vo prava smisla toa I demek kje napisat ili iskomentirat ili kje se druzat ili kje se vregjat I navreduvaat, koj kako si saka I kako mu e kjef vo toj den.

.

Ima tuka poeti, prozaisti, crtickari, vicomani, vickasti, poligloti, filmomani, muzikolozi I fanovi, po nekoj fotograf I zaljubenici vo najglupa disciplina koja se vika politika, a, da ne gi zaboravime istoricarite I veronauticarite.

.

Po karakter ima Virtuelni, normalni I isto kako normalni , harizmaticni koi samo sex im ide u glavu, Brat do brat ako si kristijanin I mrazis SEX I GRAD , konzervi koi se konzervirano konzervativni , ma tie pa ic ne go sakat tova sex I gradot.

.

Postojat blogeri so tituli po nekoj kral, grof , vitez , meandzija, nov I dzedaj , koi sami si gi turija, oti zaebot so sinata krv nedrzi, toa e samo za vo bajkite I legendite.

.

Nekoi blogeri se angjeli bez krila I sakat krila da so niv gi mavaat po tikvata tie, za koi pisuvat 10 posledni pesni I koga ja citame znaeme deka e pretposledna.

.

So e fintata??, fintata e da pustis po nekoj post I drugite individual da te igraat vo komentarite ili da ne te igraat ako broj na komentari e pozitivna nula so vika toj so e isto kako tokmu. Pa na tie blogeri so im se pojavuva ruchka moze da im vratis milo za drago a na tie so ne se pojavuva ruchka, tn anonimni davezi, ne mozes no zato imame tuka vo nase vladeenje gumicka I mozeme da gi briseme I da im odime na zivci I si se radujeme koto mali deca koga tie se nerviraat, pogotovo ako se spamisani.

.

Na blogov ima klanovi koi se vikat Moi prijateli I si se falat megjusebe I gi nervirat drugite klanovi, so e vred ,oti nemoze site da gi sobere vo eden klju klux klan oti nema kapuljaci od edna boja tolku mnogu.

.

Poetite se interesna grupa individui, koi kje istresat neso nabrzaka bez da mislat mnogu ,,,a posle 2 dena drugite vo komentari odgatnuvaat so sakal poetot da kazit. Pa deka e ziv I zdrav , be mili , so bi drugo?

.

Prozeri kje lupnat nekoi dolgi textovi I naivno mislat deka nekoj bloger kje stigne do krajot , zatoa crtickari se sigurni deka blogerite stignuvaat do kraj no znaat deka nivnite crticki napisani vo afekt, ne mozes da gi razberes ni posle 2 iljadi citanja , no Haikuisti nemat kakov problem oti tie si brojat 5-7-5 I nivnite tri stiha neznacat nisto , taka da nemat potreba da se sekiraat dali nekoj kje gi razbere a drugite so ne brojat 5-7-5 od kurtoazija velat UF jbt kaj go sklepal pa use I broel.

.

Ete ima I vesnikari koi se zanimavat so politika pa ni turat tuka najnovi I stari politicki vesti koto da gi nema po TV stanicite sekoj pola sat I nivnite komentari se analiticki I definitivno politikantsko simpaticni. Vo princip se ili nihilisti i niso ne im cini ili woodu omagjepsani i im cini sve, bre.

.

veronauticarite se bavat so toa veronautikata I barat satani tuka megju blogerite i  tie naogjat satanski delovi duri  i vo filmot na Volt Dizni Snezana I 7 te dzudzinja , mozebi radi brojot, pa im zalikuva na golema orgija.

.

ima tuka i bijonse1, taa neznam u koja kategorija da ja smestam.

.

Vickastite I vicomanite ni prezentirat vicovi novi, novostari, staronovi I dibidus stari I gi tolkuvaat grafitite po zidovite da ni gi elekronski prikazat tuka I da ne nasmeat I uspevat vo toa, oti site blogeri se, zamislete, lugje.

.

srekjna N G 2011

(орѓинал види тука)

http://astrostoper.blog.mk/2010/12/29/vlog-cmok-mk-2/

NZS

Јас, Скопје и еден бушав

December 14, 2010 by mzsn

Ич не е интересно да немаш што да правиш во недела сабајле, во 6.30 а да не ти се спие. Длабоко во себе знаеш дека има најмалку 16 работи што можеш да ги завршиш ама те мрзи дури и да размислуваш на такви потези. Чекаш мониторот да почне да ти шета пред очи а он упорно си стои баш кај што му е местото, стои и не мрда ни милиметар. Се разденило, па и некои сончеви зраци се одбиваат од прозорите на комшиите под агол помеѓу 45 и 60 степени. Решаваш дека денес е денот кога ќе донесеш важна одлука, онаа што ја избегнуваш веќе месец, месец и нешто.

Знаеш дека дома не размислуваш како што треба и решаваш да се упатиш кон омилената планина, Водно. Нормално, пред да го направиш тој чекор, проверуваш ниво на бензин во резервоар и се радуваш како мало дете на сладолед во зима што не го слушаш оној иритирачки звук што сигнализира резерва. Бараш термос-шолја за да можеш да пиеш кафе во природа и по 15 минути успешно превртување на сите висечки елементи во кујна ти текнува дека немаш таква шолја. Си мислела да си купиш ама си заборавила дека само си мислела а не си купила. Го наоѓаш стариот добар и голем термос и правец – југоисток, време – ниедно.

По пат, го разгледуваш градот како прв пат од дома да излегуваш, одеднаш не те нервира секој втор кратер по улиците, па дури и ти се свиѓа некоја градба во лудо-весели бои што до вчера ти била одвратна. Празно е, мирно, ти се вртат некои стари филмови во глава, со некои драги личности и на некој чуден начин успеваш сите нив емотивно да ги врзеш за градот во кој си дома.

Си го наоѓаш омиленото место негде на средината на планината за која на никој не му дозволуваш да каже дека е рид и гледаш како Скопје спие. Па, не  е Скопје ненормален град како Вегас па да не спие. Го сакаш и заради тоа што не е, заради тоа што никогаш нема да биде и заради тоа што, едноставно, е твој. Со првата голтка кафе, се прашуваш: „Како градот што така убаво спие да го замениш со некој друг?“. Баш кога ќе почнеше да си одговараш на прашањето, се појавува бушав дечко, побушав од тебе, бара упаљач. Како секоја фино воспитана цурица му го даваш омилениот и наместо да возвратиш со „ништо“ на неговото „фала“ си ќутиш и си уживаш во панорамски поглед. После некоја минута почнува да ти раскажува зошто е тука, како се шета зошто не можел да заспие. Мило ти е што повеќе не си единствена будала во ситни утрински саати и почнуваш да замараш недолжен странец со твојата дилема. Низ разговор добиваш совет што одлука значи: „Од себе нема да избегаш“.

Одеднаш се’ ти е јасно, те погодил во срж со таа реченица и не се трудиш да размислуваш како брзо те проценил. Сфаќаш дека во некои други времиња не би ни помислила да отидеш во некој ладен град и не би ти значеле можностите што ти ги нуди госпоѓа Европа.

Градот почнува да се буди, кај и да е ќе заокружиш 2 и пол саати на високо. Си одиш дома и со лепење ливче на фрижидер соопштуваш што си решила затоа што потесниот круг од семејството уште спие. Сега и тебе ти се спие па се фрлаш во кревет и не местиш аларм. Сакаш недели. По извесно време го раскажуваш се’ тоа на блогот што случајно ти текна дека го имаш.

http://mzsn.blog.mk/2010/12/14/jas-skopje-i-eden-bushav/

Ukradenki

На курвата што ми ги украде поемите

Некои велат дека треба да го оддалечиме личното каење

од поемите

да останеме апстрактни, и има некоја смисла во ова

но Боже

дванаесет песни изгубени, а не чувам копии

и ми ги имаш земено и сликите, најдобрите,

загушливо е,  дали пробуваш да ме згмечиш

како што стори со другите?

Зошто не зема пари? Тие вообичаено го прават тоа,

од успаните, пијани панталони болни во аголот

Следниот пат земи ми ја левава рака или пееска,

но немој песните

јас не сум Шекспир

ама некогаш навистина нема да ги има повеќе, апстрактни или не,

секогаш ќе има пари и курви и пијаници

до последната бомба

но како што и самиот Господ рече

вкрстувајќи си ги нозете:

Гледам дека сум направил многу поети,

но не толку многу поезија.

-Чарлс Буковски

http://ukradenki.blog.mk/2010/11/19/na-kurvata-shto-mi-gi-ukrade-poemite/

Kako urneci…

како урнeци, за тоа како се чува земјата

Дури малку по малку денот ги собира трошките

Дури малку по малку, ми се ронат страстите

Дури малку по малку се помалку имам

Дури тогаш малку по малку

имам нескротлива потреба …

да ми ракажуваш приказни сакам, како примери,

како урнeци, за тоа како се чува земјата,

своето, за поседот, за аргaтлукот наш

на пространството, за л’снатото бардаче со вода изворска

кое ми го подаваш

Да се опивам, малку по малку со двете раце грабнато

Ми велиш, – На!

Да се удавам, да се зaсркнам

А дури малку, се’  помалку

Се’ помалку ништо немам

Ко некој да запоседнал на моето, ко некој да застанал на твоето

Неизвесен некој текст, содржина која не е во моја корист

Го толкувам сето нејасно, го разбирам сето погрешно

Молкот создава лоши претпоставки, душо.

Ова е песна…не е писмо.

А ти ме чукаш по грбот велејќи

-          Ќе ти помине, додека не гледаш

Kако урнeци, за тоа како се чува земјата

Дека срцето ми излегло и не е веќе мое.

Ко да ја пречекоруваш брaздата и заминуваш

А јас го гужвам листот гледајќи како

И Господ заминал од мене овде.

извор:

http://promenlivo.blog.mk/2010/11/14/kako-urenci-za-toa-kako-se-chuva-zemjata/

FAMILIJAREN RUCeK

nekogas na najstarite individui vo edna familija i toa po pravilo se tatko i majkata na sinovite, kje im tekne idiotska idea deka kje ja viknat celata familija naNedelen familijaren rucek

i taka se sobraa sinovite , snaite, decata bratucedi i po nekoj student.

prvo site se pozdravuvaаt, ko demek celi srekjni sho ne se vidoa od procka, i si gi merat kilazite i belite vlakna i so nasmevki si se falat kolku se poubavi vo pozrelite godini i demek nivnata generacija sega izgleda kako trabant na otpad dodeka tie se zacuvano BMW

decata sedat mirni i si gi merat stapovite, koj komu mu e pogolem, za da vo podocnezni sati se istepat poshtenski- toa vazi za maskite individua

prvo sinovite kje gi utepat svoite zeni, falejki ja kulinarskata umesnost na svojata majka i demek samo kaj neja mozat da se najadat bez da se cudat sho e toa vo nivnite tanjiri

snaite si se lazat za cenite na svoite kompleti ko da gi kupile na wol strit vo berza oddel KUVAJTSKA NAFTA i ednata i drugata se primetija vo shutka pred nekoj den, no ne smeat da priznaat edna na druga

majkata gi fali sinovite ,,,i snaite sega pak doznavat deka dobile bingo i deka gi sluzela kurvinska srekja so nacekale takvi angjeli

se dojaduva i maskite deca gi nema oti se tepat vo dvorot i na sekoi 10 minuti pomalite gi tuzakat, no odgovor ne dobivat

sinovite pocnuvat da se nategat koj kolkav del zasluzil od kukjata pri zivi roditeli

tatkoto, najstariot, samo sedi i zjapa vo tavanot prvo se napil povekje od rakijata, koja zenata ja donese, oti sinovite se tuka i ne go napinje sho pie ko smok, a drugo zatoa sho takvi karanici gi slusnal sto pati

da ne go dolovuvam semejniot rucek no rezultatot e: ispotepani deca, nerazjasneti podelbi na imotot, skarani snai , pijan tatko i zafatena majka so citesnje tanjiri i cashi

na kraj sekoj si odi doma i ne se sekjava deka postoel semeen rucok no zatoa imat temi za ogovaranje za cela nedela

pa na zdravje semeen rucеk

—————–


оригиналот види овде:

http://astrostoper.blog.mk/2010/01/31/semeen-ruchek-nedela/


Ne bi promenila nisto

….

го сакам твоето леле ми се спие наутро

и она стани, свари кафе, жити мене, така нерасонето

се смеам додека полузамижан не се ни обидуваш да ме слушаш

а упорно дрдорам како навиена…

сакам кога забораваш кај ти се наочарите

па се врткаш нервозно, а не гледаш дека се таму кај што секогаш ги оставаш

и кога прекорно ме погледнуваш зашто пак ја испушив последната цигара

а кафе без цигара, е па стварно – не бива…

и тоа што постојано доцниш, и тоа го сакам

и бакнежот набрзина, пред она одам, чао, кога заминуваш…

сто пати во денот ти се јавувам, да те слушнам само, да те насмеам

чудно е можеби, ама и твоето леле, ама си досадна го сакам и не би го заменила ни за илјада други зборови…

сакам кога велиш ајде иди, сега ќе биде стартот

и по незнам кој пат ми објаснуваш за кој тим сега вози …. појма немам кој… тој шо ми е симпатија де

или кога демек љубоморно ќе речеш еве ти го твојот, со шалчето, тој го знам, Мурињо беше? така некако…. е па ми се бендисва, да…. и додаваш, смеејќи им се на децата на мама љубимецот

сакам кога со мене зборуваш како да ти сум најдобар другар (всушност и сум), па коментираш за се` и сешто… да де, и за жени… а јас ти велам доста бе, не гледаш, тебе чека – како не…

сакам кога се смееш ти, ти ме заеба, а јас демек се лутам и пак ти ја земам последната цигара…

сакам… всушност сакам се`

имаш еден куп маани

и често си сериозен

ама не би променила ниту една од нив

дури ни она најсмотаното аман бе, кај ми се сега пак наочарите?

….

пат до оригиналот:

http://ogledalo32.blog.mk/2010/10/26/ne-bi-promenila-nishto

Vo ovoj grad

…that home that made me homeless

Никогаш нема да бидам една од вас.

Јас не ги забележувам мажите

ако не ми прозборат…нешто

Јас не знам да се кикотам

ако не ми е смешно,

ниту да тешам, кога не сочувствувам.

Простете

можеби е заради звуците,

непропорционалните бекатонки

што катаден ги бројам на патот до работа.

Исто како ладните погледи

со отсутните „доброутра„

кои несакајќи ми се заплеткуваат во косите.

Чиниш шнола што не се вклопува во праменот.

Предебело. Преголемо. Усилено. Тешко.

Во овој град ноќта е само темница.

Најлесно е да се заспие.

Јас нема никогаш да бидам една од вас.

Простете.

————

оригиналот:

http://prikrieno.blog.mk/2010/10/02/vo-ovoj-grad

Ubavite zeni

Убавите жени


„Убавите жени на мојот народ…
тие процутувале брзо,
како цут од кајсија,
како мајски јоргован.

О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи…“
Б. Конески

Русокосата од бомбоњерата

Беше многу убава.
Се сеќавам, кака сега да е. Немам појма кај бевме на гости, беше тоа едно од оние гостиња, на кое се оди само еднаш. Не се сеќавам на никого, освен на неа. Меѓу сите гости, само таа делеше. Не правеше ништо посебно за да се истакне, напротив, како да се срамеше од својата убавина и како да и беше непријатно, што таа е најубава од сите и што во неа беа вљубени и мажите и жените.

Беше облечена во црн свилен фустан, веројатно шиен, зашто во тое време немаше многу избор, а беше на мода да си уникатнa и убаво облеченa.
Шивачките беа големи мајсторици, еден комплет или фустан шиеја две недели, и двапати те викаа на проба.
Сошиеното беше како заледено.

Имаа „Бурди“, ама за вистинска шивачка се сметаше онаа што можеше да сошие фустан, онака по опис. Како пишување состав на слободна тема: „Можам онолку колку што знам“.
Најмногу ги нервираше ако ја отвориш Бурдата и ако се обидеш од 5 фустана да направиш еден-од еден ја земаш јаката, од друг рамениците, од трет ракавите, од четврт брусните и патентот, а од петтиот должината.

Вистинските шивачки не шиеја сè од сè. Според моделот, ти кажуваа каков материјал да купиш. И ти ќе одиш во штофарата и ќе кажеш: Ми треба црн материјал, што паѓа, не се растеглува.“ И теткате ти дава да видиш, а ти викаш: „Дајте ми 2.20цм. Море дајте 2,5 метра. Нека има фазла. Дајте ми и постава 60 см. “ Тоа е ако се шие костумче.
Шивачките беа многу педантни, најчесто бавни и пипави. Копчињата често не одговараа, па се одеше кај еден дедо да ти напраи облечени копчиња.
Нејзиниот фустан беше  црн со мали облечени копчиња. ЈА следеше линијата на телото, ама не изгледаше вулгарно.
Имаше и златно ланче, нежно, со привезок кој личеше на солза.

Kога бев мала сакав кога ќе пораснам да бидам жена со доооооооолги нокти и со бескрајно долга коса. За жал, нашите родители не ни ја остваруваа таа желба. Стално бев со кратка коса и стално викав дека веќе не сакам да ми ја сечат. Сакам да ми биде долга. Не знам зошто, ама за девојчињата уште од многу рано станува многу битно да се има долга коса, уште од мали се радуваат кога можат со раката зад грбот да си ги допрат врвовите на косата и да се радуваат колку им е порасната.  Не знам зошто ни ги кратеа па до прво одделение одевме како неидентификувани објекти. По обетките се распознаваа машките од  женските.

Нејзините нокти. .. Ноктите и беа долги и маникирани, лакирани со бел седефест лак. Имаше прстени на средниот и четвртиот прст-едниот како сплетени гранки, другиот со жолт камен.  Немаше бурма.
Таа делеше од другите жени зашто не личеше на тетка. Има голема разлика дали на жената и се обраќате со тетка Маро или да не знаете што да кажете.

Се викаше Естер, ама ние не ја викавме никако! Таа не беше тетка, таа не беше потенцијална дебелка, таа беше…, таа беше… суштество. Самовила.
На самовила се вика ли „тето“?
Витка и дистанцирана.  Веднаш беше јасно дека никој не и се обраќа дома со мури.

Тетите беа мажени жени, сите со по 30 килограми повеќе отколку што треба. Сите беа во костимчиња, кои всушност требаше да им го скријат мидерот, кој пак им го собираше газот и стомакот.
Естер не носеше мидер. Немаше зошто. Носеше корсет.
Имаше се што треба, ама за чаршијата тоа не е важно.

Беше русокоса. Фарбана се разбира, ама бојата не и беше металик блонд, туку како на Грејс Кели. Како да е нејзина. Во тоа време бев многу мала и не ја знаев Грејс, ама ги знаев оние преубави жени од бомбоњерите.

Тоа е почетокот на 80-те години, кога спектакл беше слетот за штафетата и уметничкото лизгање. Тоа беа најшарените нешта кои можеа да се видат на телевизија. Програмата изобилуваше со импотентните емисии од типот на „Отворен екран“ или надворешно/внатрешно-политичка емисија која трае 3 саати. Рекламите беа вистинско освежување, ама ги немаше.  За децата имаше еден цртан филм во 19:15часот и толку. Ако имаше нешто важно, цртаниот филм го изоставаа.
Весниците беа црно бели, со многу текст, а со малку слика. Денес за жал, сликата  го голтна текстот. Неодамна налетав дома,на стари весници и почнав да читам.После долги години имав  вистински весник во раката. Ах, паст тајм.

Бомбоњерите во тоа време беа на „Краш“ или на „Европа“. На кутиите имаше или раскошен буќет цвеќе, или жена. Имаше и со кучичи и мачичи.
Мене ми беше омилена бонбоњерата на која се смееше една плава жена со бееееели заби, а насмевката беше толку голема, што дури и умниците и се гледаа. Е таа жена, имаше долга плава рамна коса, темно кафеави очи и до образот држеше пиле во раката.
Пиле- тоа е дете на кокошката и на петелот. Повеќе на кокошката. Ми беше чудно-кога одев на селото, баба не даваше да ги фаќаме пилињата, велеше дека  ќе умрат ако ги фаќаме.
И само јас  знаев дека после сеансата на сликање, пилињата умреле.
Ама се тешев дека сигурно некој далечен роднина на пилињата се гордее со нив и вика: „Е , она не заврши во супа, туку на бомбоњера.“
Пред плавушата имаше уште 3-4 пилиња, а позадината беше тиркизна. Такво квази небо може да видите само во боенката на дете од 4 години.
Се  гледа дека е се наместено, дека е снимено во студио, а не на буниште, ама тоа не беше важно. Жената беше убава.

Естер беше  токму таква. Можеби заради тоа ми остави така силен впечаток. Таа беше како ѕвезда дојдена меѓу обичните смртници. Отелотворена слика.
Девојка од соништата, а заглибена во погрешен сон.
Имаше многу убав парфем.  Жан Мари Паскал (мислам дека така се читаше). Не го знаев тогаш. Естер ми се „насмевна“ од шишенцето кога го купив мојот прв парфем. Бев 7. одделение. Беше тој, нејзиниот. Го купив, го потрошив и никогаш не го зедов повторно. Не беше мој.

Кога ја среќавав на гости, забележав дека  Естер не ја вклучуваа во муабетот.  Немаше што да ја прашаат. Таа немаше деца. Во тоа време можеше да живееш во најлошиот брак на светот, да ти е мизерен животот до бесвест, ама тебе имаа што да те прашат. Се делкаше муабет за вакцини на децата, за кашички од рендан морков, сипаници, големи и мали, за пелени вакви онакви, за учителките во градинка или за одличниот успех на детето во школото или за освоеното прво место а некој натпревар во едриличарство…
Естер немаше што да каже. Како да немаше живот, ако не си во брак. Боже, што ли и правеа муабет на таа убава жена?

Не беше мажена, ама  не знам дали имаше некоја приказна во врска со неа. Не знам дали се работеше за врска со оженет маж. Во мојот град имаше такви врски, каде сите знаеја за љубовницата, и беа жигосани и децата и жената и мажот, а љубовницата беше презрена од сите.
Ама со неа веројатно не беше таков случајот.
Та неа ја канеа на сите женски празници. Во мојот град има многу празници  на кои одат само жени. Естер доаѓаше на тримери . Тоа е празник што го има само кај нас и одат само жени, кога започнува велигденскиот пост. Се прават посебни посни јадења, сарма со ореви, (се вијат 1000 топки!!), боза, портокали, пелте (тоа е нешто како желатин, слатко е, во боја е, обично во некој калап, на пример риба, се тресе, и не е ништо посебно на вкус),  слатко од не знам шо, и почнуваше демек тридневниот пост за армасаната.  Тоа се правеше некогаш, кога јас бев дете. (Сега го прават ретко, не за друго, ами оти има мноооооогу работа.)
На тримери жените се глупираа, пеејќи безобразни песни, симулирајќи пенисирање со некоја пластична колбаса, да ја запознаат невестата со брачните доживувања и сето она што ја чека во креветот со мажот. Смешно беше кога невестата е веќе бааги трудна и ниту пости, ниту и е непознато што ја чека во постелата.
Жените како Естер беа исклучени од учеството во блудните игри. Таквите како неа имаа место и тоа беше да се стои настрана.

Воглавном на таквите седенки и друженки ја начекуваа. Се сеќавам таа седеше на стол во средината на собата. Жените веќе беа и најадени и напиени, па остануваа да почрчорат уште малку.
Таа беше облечана во темновиолетово нешто, не знам дали беше фустан. Имаше високи чизми. И ми беше многу интересно-имаше високи чизми што имаа патент на средината. Сите  имаа на страната.
Ја прашаа сестра ми: „Сакаш ли Естер да ти биде мајка?“
Сестра ми се збуни. Мајка е само една, ама и Естер беше само една.
НАстана непријатна тишина. Почнаа да се удираат со лактите, сестра ми гледаше збунето, почна да плаче, тие почнаа неспретно да си намигаат, и некоја го сврте муабетот на друга страна.

Естер никогаш не се омажи. Најчудното за мене беше што нејзе не  и местеа маж. Никој никогаш не рече: „Ај, Естер и на твоја глава!“
Таа како да не сакаше да се омажи и да има деца
Естер можеби и не беше створена да биде тоа. Можеби местото не и беше во незборавната паланка, туку на бонбоњерата.

Жената на балконот

Имаше уште една . На неа се сеќавам како на  жената на балконот. Мислам дека само еднаш ја имам  видено како од  балконот  ни довикува нешто.
Ни на небо ни на земја.
Имаше црвена коса. Ретко кој се фарбаше во џиш црвено во тоа време. Беше премногу авангардно. Сите се фарбаа во природни бои, демек и ако се фарбаш, да изгледа како да е твое.
А таа се фарбаше ватрено црвена. Мене многу ми се допаѓаше. Фризурата и беше како на Софија Лорен што е на онаа сликата со Тито.
И беше убава како неа.  Кога ќе се сетам на неа, ми излегува слика: облечена во долг летен фустан со зелени листови, со длабоки шлицови од страната и со чамец израз околу вратот.

Беше во врска со некој токмак, шо ич не ми беше убав, и беше у полуразвод фаза со жената. Како и да е на крајот се зеде со неа, ама некако се беше сосила.
Ниту правеа свадба, ниту одимаа деца.
Тој се пресели кај неа, таа живееше со болен татко, кој наскоро почина.
Веројатно беше срам за целата фамилија.
Провинцијата, чаршијата никогаш не го простуваше тоа. Големите морализаторики кои живееја во стерилни бракови не го дозволуваа тоа. Не само што таа одеше со наведната глава, туку и кога ќе видеше некој познат, уште оддалеку преминуваше на другиот крај на улицата, за да не се сретнат. Секогаш брзаше, иташе.
САмо во врелите летни попладниња кога нема никој се враќаше полека од работа. Како да уживаше што барем сега не мора да трча по улицата. Ја гледав од терасата, додека бев во бегство од попладневниот одмор.
Многу сакав да ја сретнам и да и кажам „Добар ден“. Бев дете, ама сакав да знае дека има некој на своја страна, дека некое дерле што не знае што е живот на возрасни, ја обожава, зашто е убава, без разлика дали другите ја сакаат или не и дека не ми е гајле што зборуваат за неа, дека …
Само ќе ми климнеше, тивко ќе отпоздравеше и продолжуваше.

Таквите како неа беа одбележани. Таа не смееше да им се скара на децата што игреа миженка и се криеја и кај неа во дворот и и ги газеа китките. Оти ќе се појавеше некоја мајка простача која убаво ќе и кажеше дека ако била како што треба, ќе била како сите, а не пачавра, која швалерите ја макнат по коли и која растура фамилии и бракови.
А жената имаше само еден маж во животот, кого го сакаше бескрајно и сакаше на таа љубов да му ја претстави на светот.  Страста, огнот што го носи во себе, не беа за покажување. требаше  да ги скрие.
Ама црвената курвинска боја на косата ја издаваше.

Роднините на брат и беа исто така обележани. Така е тоа во провинциите. Имав школска чија тета на времето останала трудна и родила вонбрачно дете. Детето го оставила на гледање на мајка и, а таа заминала во бели свет.
Мојата школска никогаш ја немаше видено таа озлогласена тетка. Имаше дечко, со кого се сакаа до смрт. Ама мајка му и татко му кога видоа дека врската се заозбилува, т.е. не е еби-бегај, му дале совет да ја остави: „крушата под круша паѓа. Каква што е тетка и и таа ќе биде, може децата ќе заличат на неа… ах, каков срам ќе ни донееш дома…“
Откако дечкото не го прифати  тоа како  добра причина за раскинување, неговите отидоа еден чекор понатаму: „Ќе те откажеме и ќе си одиш од дома. Ништо нема да наследиш. Голо куче биди. “
А беа многу богати. И тој беше навикнат на луксуз.
Тогаш раскинаа. Уште многу години с е гледаа тајно, па беше јавна тајна, па не се гледаа, па почнаа да прават карикатура од врската.  Ако таа си фатеше нов дечко, тој секогаш се појавуваше на сцена.
После се омажи таа. Се ожени и тој.
Не е мое да судам. Лесно е да се каже како би постапила јас да сум на негово место. Ама тоа би го знаела само ако бидам на неговото место.
Мислам дека не заврши како Васа Ладачки, ама слушнав дека на секоја пијанка, кога ќе се опие,  ја бара песната со зборовите:
„Свирајте ја мојата песна… „џаба било коња враних“…

http://lepangelina.blog.mk/2010/07/01/ubavite-zheni/

Plakarot


Мојот плакар од секогаш бил во еден огромен хаос. Нафрлани маици, панталони, сукњи, џемпери… се на купче. На закачалките висат неколку летни фустанчиња, ташни, кошули (за моментите кога треба да изгледаш сериозно) и ред други работи.
Ама ете, во животот има денови кога вриштењето по дома и префрлувањето за твојата неодговорност стануваат неподносливи, па собрав сили, ги отворив двете вратнички и мушки останав на нозе- не дозволив да ме бутне купот облека кој ме нападна.
Пуштив музика, и се фатив за работа. Милион работи кои не ми се веќе потребни заглавиле тука. Која коинциденција….
…Оваа маичка на пример. Стара е две години, со огромна флека од топло чоколадо на неа. Се сеќавам на таа зима, беше ладно, а ние си ги греевме прстите над тоа топло чоколадо. Последното наше излегување. Подоцна, тој ја исфлека и совршеноста на таа вечер, како што и јас ја исфлекав маичката. Требаше да го фрлам уште тогаш, знаев дека не се вади таа флека, ама остана во плакарот- да ме потсетува колку беше убаво пред да се уништи.
…А ете, во оваа ташна останала фискалната од едно пиво. Се сеќавам на последниот пат кога ја носев, и пивото кое го делевме затоа што немавме пари за две. Никогаш не го допивме, јас трапава ко што сум си секогаш, успеав да го растурам. Успеав и нас да не растурам, се сеќавам. Одамна излезе од мода ташничево- од мојот плакар сеуште не излегло…
…А ова фустанче- го купив само за него. Се што сакав беше само да види колку добро тоа изгледа на мене и да се заљуби. Секако, тој не се заљуби, па остана и тоа тука да виси без потреба. Не ја постигна својата примарна цел, па немаше поента веќе да го облекувам.
…А излижаниве старки, се излижаа заедно со едно пријателство. Заедно шпартајки по улиците и безделничејки до сабајле, со тек на време дотрајавме. Не ни приметивме додека не беше премногу доцна, па почна да ни навлага вода низ дупките…
…И штиклава без флетница. Не дотраја, остана некаде по патот додека го бркав автобусот. Кога конечно успеав да го стигнам и да се качам на него, ми се јави Тој да ме викне на кафе. А јас као, баш бев во близина. Веднаш се симнав на следната станица, па трчајки се враќав назад.
…А фармеркиве, искинати на ногавиците… Тоа е од маалското куче. Секој ден кога си одев накај дома, се обидуваше да ме врати назад влечејки ме за нив. Го најдов отруено. Веќе 2-3 месеци шетам со неизгризани фармерки…
…А црнава кошула… купена без желба и со солзи во очите… нека стои, во животот повторно ќе ми треба. Се надевам не во скоро време.
Мојот плакар одсекогаш бил во еден огромен хаос. Исто како и мојот живот.
Се врзувам за работите како и за луѓето, неможам да ги фрлам, иако веќе несакам да ги носам на мене. Затоа стојат во плакарот. За од време на време за се разлигавам сеќавајки се колку некогаш сето тоа било совршено, тешејки се дека можеби во иднина ќе имам прилика повторно да ги облечам… Ги пакувам во вреќа и ги сместувам на дното, чекајки повторно да се врати модата.
…Затоа што, многу е полесно да прифатиш нечие заминување доколку неговата маица сеуште стои на врвот од купот…

http://no1.blog.mk/2010/06/25/plakarot/

Baba Persa dobi internet

Баба Перса внимателно го стави филџанот со врелото утринско кафе на масата, седна, го крена миљенцето од мониторот и го вклучи компјутерот. Додека се креваше оперативниот систем, почна оваа окапана старица од село Горно Самовилско да се преслушува. Козите ги измолзе, кокошките ги нарани, па ќе биде раат до кај пладне…

„Хм, ќе проверам првин мејл на Џимејл, после тој на Јаху, па после ќе се закачам на Фејсбук. Море… Да се закачам веднаш на Фејсбук да видам дали добро осунал Трајко од Смолско…“, си мисли баба Перса.

Веднаш потоа ѝ заврви друга мисла. „Бог да ги поживее децава, ете интернет ни ставија в село! Автобус и онака нема да има. Ниту лекар ќе дојде некогаш. Барем нешто да добиеме… А и тој интернет-киоскот кај селската чешма е одлична работа! Додека се наполни балончето со вода, ќе прочатам малку со другачка ми Анѓа…“

Останаа тие двете во Горно Самовилско сами како утки…

Така си мислеше баба Перса за владиниот проект за безжичен интернет во селата и за интернет-киосци. Бесплатни во следните четири години… за потоа ќе се види.

Кликна Перса на иконата за поврзување и за вчас се отвори насловната страница на Фејсбук. Се логираше и виде дека дедо Трајко од соседното Смолско има нов статус. „Жив сум!“ напишал тој. „Ах, дочека уште едно осамнување, сиромашкиот…“ Му кликна едно „лајк“ на статусот, па погледна дали правнука ѝ Ана Марија од Скопје ја прифатила за пријател. „Ех, не сака да ме прифати, да не ја срамам пред другарките ваква со шамија“, си мислеше кутра Перса.

Ајде, и претходно децата ретко ѝ се јавуваа на телефон, ама баба Перса многу се израдува кога почнаа да ги местат антените близу шумата. „Белким сега почесто ќе проверуваат дали сум жива“, си помисли таа тогаш. Ама небото не ѝ ги одговори молитвите. Само по некоја честитка ѝ праќаат на мејл, никој не најде време два-три реда да напише…

И додека баба Перса го затвораше Јаху мејлот, два километри подолу во полето, во Долно Самовилско, Митре и од седми пат не успеа да се конектира… Се изнервира дека не ќе може навреме да ги собере јагодите што ги засади на “Фармвил” на Фејсбук, па ќе му пропаднат… „Ех, до задутре нема да соберам пари да си купам трактор“, си помисли разочарано.

„Семката да ви се сотре“, се разгневи тој на комшиите Стојановци. Кај бавчичката од нив не може да си ја навади  – а ја сврти водата накај неа, тие за 15 минути ќе дојдат и ќе ја навртат накај нивните бавчи – туку сега и конекцијата му ја „цицаат“…

„Ќе тркнам до кафеана да го викнам Мендета, тој ќе знае нешто да ми подеси, белким ќе стасам така јагодите да ги оберам и тутун да засадам“. Кутриот Митре, не успеа да си земе нива од државните, па остана само со бавчичка и сиромашка надеж дека барем на “Фармвил” ќе стане голем стопан.

Кога стаса до селската кафеана ги виде дваесетината ергени како играат „Анриал Турнамент” на лаптопи. Ама Менде го поли со студен туш. – Не можам сега, морам да одам на Благоја да му го оправам лаптопот пред да ги изнесе говедата на пасење угоре в планина. Не му работи нешто Винампот, па не ќе може музика да си пушта – се правдаше Менде пред Митрета…

П.С. Додека тие правеа муабет, децата почнаа да пцујат кај единствениот интернет-киоск – пак снема струја!

http://crnejgoro.blog.mk/2010/06/19/baba-persa-dobi-internet/

Ednostavno Mеанџи

Црвена пушка упука лебедова глава што беше клавена на врат од лебед во сабајле саат три. Во вода од енѕеро падна . Слнце сеуште не се беше појавило пошо озрачени беа камења од светлина месечева. Пепелоса се тишина од оксидиран барут сместен в пушкина цевка алуминиумска. Клети пискотници од карпи се одбиваа тешко поради ерозивен распоред на хумусис неакустичен земјен. Птичји пискотници корморански бева тоа кои  кругој свија на број шчес. Клавир се лошо одекна низ прозор од дирка при а-мол на лев домал прст. Крвишча се распрскаа на ситестрани до Канео од Извори Билјанини во мисливе мои невронски јадни.  Лебед не беше тоа. Eго беше тоа. Его беше мое Охридско повредено од скопјанишча, скопјанишча клети туристи! Его, а ЈАД гнасен.

http://pornoezija.blog.mk/2007/06/09/soniv-son-snoshti-ta-denes-protumachen-je/

Pernicata

Пресликана на тенко парче 1 на 1

Остаток од несудениот веридбен фустан

Се  лелеам на ветрот закачена на жица…

Откако се разбудив

Со солена вода на перницата

Залепена коса на десниот образ

Сува уста и очи со дрлки

Ме болеше се она што го потопив таму

Во памукот на перницата…

Се сеќавам имав неполни 7 години

Дојде кај мене тета Нина

Кажа си помислив дека сакаш облаци

Затоа ти купив перница

За да  спиеш како на облаци

Од тогаш перницата беше мојот пријател и љубовник

Ја гушкав, ја бакнував, и мавав тупаници, ја пикав меѓу нозе

Нема ништо лошо си велев

Сигурно сите девојчиња мастурбираат само не кажуваат

На перницата и ги кажував сите тајни

А таа ми одговараше саноќ низ испреплетени соништа

На кои само јас им го знаев значењето

Решававме дилеми, ребуси, дури и магијски прашања

Јас и мојата перница…

Една ноќ ја споделив перницата

Дозволив да ја користиме заедно со мојот мил

Перницата ми прошепоти ноќта

Дека носам дете негово

Дека судбата е мојта рака покрај неговата

Се додека…

Не докажа…

Пресликана на тенкото парче

Покрај остатоците од недоносено машко чедо

Штотуку полетан авион кон југ

И раскинат парталосан веридбен фустан

Јас во него висам на жица…

Една перница самува покрај контејнерот

Ја собра мало црнооко валкано девојче

Во надеж дека ќе сонува бајки со среќни краеви…

http://lalande.blog.mk/2010/03/29/pernicata

Gigi, Mumu i Muvajce

Џиџи,Муму и Мувајче

Најголем дел од приказните  што дедо Трајан му ги раскажуваше на внукот Филип кога тој беше мал  сам ги измислуваше. Оригиналната приказна е секогаш многу поинтересна од веќе чуената.Филип целиот беше претворен во уво.

Многупати сум се запрашувал  какви приказни Филип ќе им раскажува на своите внуци кога ќе му побели косата како на дедо му?За што ќе им зборува?Ќе сакаат ли внуците да го слушаат?Дедо Трајан приказните ги црпеше од големото животно искуство.За генерацијата на Филип најголемо животно искуство е интернетот.Да слушнеме како би изгледала една    оригинална приказна   од  нашево време на глобално поврзување со модерната технологија

Еден,два три,почнуваме.

Во една земја зад седум реки и седум планини одовде, имаше едно село со камени куќи. Во куќите  старци со побелени коси .Во секој двор  нужник.Внатре рој муви

Сред село имаше меана.Меаната   празна.Немаше кој да пие.

Насекаде  кал до колена.

Ноќе волци што шетаат на полна месечина низ селските сокаци обраснати со трње и трева.

До меаната имаше училиште со замандалена врата.

Преку ден,низ село трчаше едно дете.Детето имаше пет години и сеуште не беше стасано за на училиште.Татко му останал без работа во градот и од немајкаде се вратил в село.Тој се викаше Спасе.Жена му Спаска.Детето Игно.

-Ќе одиме да живееме  в село во татковата куќа – еден ден и рекол Спасе на Спаска .Немаме ништо повеќе  за продажба.Нема од кого повеќе да позајмам пари.Ќе садиме тутун.

Спаска не рекла ништо.Не знаеше да сади тутун,но ќе научи.Спасе за среќа знаеше.Селско дете бил.Садел  како мал.Мајка му го носела на тутун.  Ќе го ставела в кош и со количка го возела до нивата.За назад, бидејќи кошот бил полн со тутун, одел пеш.Иако бил мал го буделе рано.А се знае колку рано се оди за на тутун.После ќе угрее сонцето и  не се бере.Лисјата ќе лепат.

И Игно берел,повеќе копал,кога бил тутунот за копање.Со малото мотиче што  специјално за него го купил дедо му.

-Теле се учи ,а не вол-велел дедо му.Дајте му и нему да копа,да бере,да нижи.Не по многу,оти е дете,но дајте му.

И му даваа.Да не му даваа не ќе знаеше да се снајде кога се врати во татковата куќа.

А куќата руина.Сите куќи беа руина.Прокиснуваа.Искршени керамиди.Чатмите попуштиле.Спасе закрпи што се закрпуваше.Замени,што се заменуваше

Кај ќе ни учи детево кога ќе порасне?-прашуваше Спаска

-Важно не е гладно-одговараше Спасе

Не беше Игно гладен,ама,другарчиња му беа Џиџи,Муму и Мувајче.

Кој се тие?-го прашуваше мајка му

-Џиџи е син на Коле учителот.Муму е дете на Ташко попот.Мувајче е на Петрета докторот-одговараше детето

-Леле синко,каков учител,каков поп и каков доктор!?Овде ниту има такви,ниту имало со години.И какви ти се тие имиња на деца?-се загрижи мајка му

Кутрата жена отрча кај мажа си

-Мажу  со детено не е нешто во ред.Измислува деца.Им става чудни имиња.Му се причинуваат учители,доктори и попови.

Спасе немаше што да каже.И тој беше во слична ситуација.Немаше  човек,негова еснав,се дружеше со старци.За нив велеше дека му се другари,а тие со едната нога в гроб.Со нив зборуваше за жени,а тие мочалото едвај си го наоѓаа за мочање,а за друго да не зборуваме.

-Ништо жено ќе му помине-ќе и речеше замислено на Спаска

Ама не поминуваше.Игно си играше по цел ден со Џиџи,Муму и Мувајче.Спаска се молеше на Господа за психичкото здравје на синот.Спасе пиеше ракија од мака.

Еден ден се случи нешто што го промени животот на Игно.Во селото стигна интернетот.Татко му за многу мали пари му купи компјутер.На старо.Застарен модел.Но ,вршеше работа.Детето се вмрежи.Таму си најде многу другарчиња како Џиџи,Муму и Мувајче.Оттогаш не мораше да измислува другари.Таму сите беа веќе измислени.

Во селото се си остана исто,и камените прокиснати  куќи,и празната меана и замандаленото училиште , но важно имаше интернет.Игно наш да се социјализира.

Кога Спасе заработи некој денар од тутунот,се вратија во градот.Си отвори столарска работилница.Вешт беше Спасе.Се снајде.И Игно  наш брзо се вклопи.Сите деца  во градот  на големо се дружеа со измислени ликови.Тој дури и  ги надви.Бадијала се грижеше мајка му за неговото здравје.Џиџи,Муму и Мувајче му помогнаа многу во таквата социјализација.А и на фармата на фејсбук имаше голема предност.Знаеше што кога треба да се изора,насади,полее,ожнее.Се си знаеше.Кога Игно порасна преку фејсбук си најде жена.Со неа живееја долго и среќно до крајот на својот живот.

http://filipko.blog.mk/2010/03/24/dzhidzhimumu-i-muvajche/

Vozrasen

Ова е моја професија. Возрасен. Опкружен со мали деца или големи мали деца, јас сум единствениот возрасен. Одамна ја имам оваа професија. Од моментот кога почувствував дека сум исполнил барем едно од моите „кога ќе пораснам голем-ќе бидам“ очекувања. Тогаш сакав да бидам многу нешта. Прво и единствено нешто (додека не ги открив суперхероите) беше слаткар. Сакав да бидам слаткар кога ќе пораснам голем. И биднав. Наполнив осумнаесет години (пред десет лета) и за да се почастам за влезот во мала квота на скапи студии, влегов во најдобрата слаткарница во градот (на шампита и боза). Чичкото слаткар имаше закачено голем лист (барам дете за работа) и јас го тргнав листот. Пораснав голем, станав слаткар. Добро ми одеше со години (четири). Знаев да правам се’ од шеќер. Бев леплив и мирисав на ванила. Сите девојки се лепеа за мене. По четири годишно лепење, заврши мојата слаткарска кариера (но јас си останав пораснат).

Останав да бидам возрасен. Се прашував кога ќе ми се појават возрасните моќи? Да претчувствувам лоши работи и да им наредувам на понеискусните (децата)? Кога ќе почнам со поглед да отворам врати или да развијам некоја возрасна мутантска способност секогаш да бидам во право (а кога не сум да ми излегува челична пајакова мрежа од глуждот). Немав ни тајно дувло (пештерче со лилјаци), туку мала гарсоњера со мирис на кинеска храна. Ресторанот под станот одамна беше затворен, ама ѕидовите уште мирисаа на слатко-кисело свинско со зеленчук. Единствено нешто што се промени кај мене (веројатно тоа е природно за возрасните) е стомакот. Стана надуен иако јас не љубам пиење пиво. Немав сеуште мутантски скриени моќи, ама затоа знаев да утепам некого од здодевност. Имав здодевна работа, седев во канцеларија и подредував документи (тоа знаев да правам со скапата диплома од факултет). Се помирив одамна што во мојот живот нема девојка во невоља за да и помогнам. Имаше неколку колешки со мустаки што милуваа да остануваат до доцна кај мене (секоја во различен ден, или годишно време).

Нема враќање назад откако ќе станеш возрасен. Тоа си и точка. Останува да се помириш дека нема да возиш бетмобил ниту да се фалиш со голема црвена наметка. Се’ што ти останува е голем стомак и решителен поглед за прекор на сите кои не успеале да пораснат.

Уф ќе заборавев, експерт сум за садоку. Тоа е дека сум возрасен.

http://delgadina.blog.mk/2010/02/07/vozrasen/

Energetski vampirizam


Како изгледаат денешните вампири?

Вампир е човек кој нивото на своето биополе го одржува на сметка на другите. Природниот пат по кој ние складираме енергија (покрај храната) е постојаниот контакт со енергоинформационото поле на Вселената. Доколку овој ланец од било кои причини се прекине, човекот може да се разболи. Затоа, при недостаток од енергија човекот може несвесно да компензира со земање енергија од другите луѓе. Овој вид на (општествен) вампиризам е многу распостранет и обично безопасен. Пожелно е повремено психичките појаки партнери во семејството или меѓу пријателите да им пружаат помош на послабите. Размена на енергијата меѓу луѓето во извесна мера е секогаш присутна и нормална.

Проблемот настанува тогаш кога човекот почнува постојано на овој начин да ја зема енергијата нанесувајќи им штета на другите. При тоа тој само зема а ништо не им дава на луѓето со кои општи. Ова се нарекува еден вид на енергетски егоизам.

Навикнати сме нашите лекари да ни велат: „Не се нервирајте“, „смирете ги нервите“, а обично до несаканата состојба сме дошло поради ниското ниво на енергија кое е резултат на присуството на некои луѓе околу нас кои постепено не раздразнуваат и ни ја одземаат животната енергија. Таквите луѓе се условно кажано вампири зошто ја цицаат нашата психичка енергија на сите можни начини. Вампиризмот е всушност енергетски грабеж.
Тогаш вампирот се чувствува подобро, а жртвата немоќно и исцрпено.Вампирите се чувствуваат лошо кога на другите им е добро. При нивна интеракција вампирите оздравуваат а другиве се разболуваат. Кај жртвата се јавува поспаност, замор и раздразливост, имунитетот нагло опаѓа и се појавуваат разни инфекции и болести.

Астрологијата ги дели луѓето на Соларни и Лунарни, независно од тоа во кој зодијачки знак се родени. Во психологијата истиве се нарекуваат „екстрoвертни“ и „интровертни“ типови.

Енергијата на Соларните луѓе-вампири е врела и сува. тоа се жестоки и агресивни луѓе, садисти и егоисти. Сами ги напаѓаат жртвите, предизвикуваат скандали и конфликти, настапуваат дрско и со навреди. Предизвикуваат отворено и тогаш кога имаат задни намери. Нив ги движи завистта, злобата и омразата. Соларниот вампир е во состојба инстантно да ја исцица енергијата од донаторот и истиот да го остави до крајна исцрпеност.

Енергијата на Лунарните луѓе-вампири е спротивна на онаа од Соларните. ладна е и влажна. лунарната енергија има силни магнетски својства. Тоа се луѓе кои незабележително, благо и мирно ја извлекуваат енергијата од другите.
Ако Соларниот вампир е енергетски бандит, тогаш Лунарниот енергетски крадец е тивок и таен. Тој секогаш се жали на своите проблеми, се прави дека е глуп и дека ништо не разбира. Вистински давеж. Не пцуе и не се расправа, туку постојано цимоли. Таквиот човек постојано има исти проблеми и колку и да го советувате и му помагате, проблемите не му се менуваат а поради тоа вие се раздразнувате, ја губите силата, почнувате да зевате а грлото се суши и гребе.

Поради ваквите луѓе се употребуваат изразите :„ Ми ја пие крвта“, „Ми го труе животот“, „Ме исцеди“ и сл.
Од тука и асоцијацијата со вампиризмот.

ЗАВИСТ

Истражувањата покажале дека најдлабокиот корен на енергетскиот вампиризам е завистта. Ваквите луѓе им завидуваат на другите со позитивни чувства, па сакаат да ги украдат за себе, а ако не можат, барем да ги уништат добрите емоции кај другите.

ЖРТВИ

Енергетскиот вампир не го добива она што всушност го посакува: исполнетост и задоволство. Не се сите луѓе подеднакво подложни за да станат жртва на еден ваков вампир.Најзагрозени се оние што на некој начин зависат од нив: децата, брачните партнери или подредените на работа. Некои карактеристики на личноста посебно влијаат на тоа дали ќе стане жртва на некој енергетски вампир: Чувството на вина и недостаток од самодоверба или пак навика постојано да им се удоволува на другите луѓе.

Кој се може да биде крадец на енергија?

-СЕЗНАЈКОВЦИ:
Ова е посебен вид „модерни вампири“. Тие секогаш знаат се’ и најдобро од другите и постојано се фалат со своето знаење и способности. Додека ги слушате нив имате чувство дека вие всушност ништо не знаете. Тоа се обично немажени/неженети луѓе, делуваат помалку срамежливо а со своето знаење се обидуваат да се докажат.

-СИТНИЧАРИ:
Овие луѓе секогаш и секому ќе му пронајдат мана. Овие вампири и во јајцето ќе најдат влакно.

-ЗЛОБНИЦИ:
Ова е најопасниот вид. Нивниот напад вака изгледа: најпрво се слаткоречиви, а потоа зад вашиот грб ќе зборуваат се’ најлошо за вас. Полни се со отров.

-ДАВЕЖИ:
„Бла, бла, бла“-луѓе што не касаат туку премногу зборуваат. Тие ја зграбуваат својата жртва и не ја пуштаат се додека не ја исцицаат и последната капка енергија.

-ВЕЧНИ ЖРТВИ:
Ќе ве хипнотизира со својата беспомошност. Вашите обиди да им помогнете ќе бидат безуспешни зошто тие толку многу навикнале на болката што немаат намера да се одречат од неа. Сепак уживаат во тоа другите да ги сожалуваат.

-ЗАВОДЛИВИ ПАРАЗИТИ:
Намамуваат со внимание, ласкање и комплименти. Ја црпат силата од туѓиот ентузијазам, идеа и креативност. Со безброј прашања навлегуваат во вашиот живот и се обидуваат да ви го украдат.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ?

Најчесто енергетските вампири не се свесни за своето однесување. Најдобро е да ги игнорирате или пак да поставите граници. Проверете што е тоа што ве спречува да ја прекинете комуникацијата со тоа лице.
Некаде прочитав дека најдобро е да се скрстат рацете и нозете кога има вакви лица во близина.

Ако случајно сте се препознале како еден од овие енергетски вампири според наведените карактеристики- не се загрижувајте, зошто во секој од нас има по нешто од нив, но не сме како нив. Самиот факт што сте можеле да препознаете некои мани кај себе, говори дека не сте вампир. Енергетскиот вампир не може, и никогаш нема да ги признае негативните карактеристики што другите ги препознаваат кај него.

Линк до оригиналниот пост на Антидневник

http://antidnevnik.blog.com.mk/node/193905

Cisto onaka

Чисто онака …

Се разбудив како и обично.. после стискање на snooze button три пати.. ноншалантно варење и пиење кафе … ако не станеш со уживање и денот нема да го биде.

Тешкото е во облеката . Во денешно време што и да облечеш ќе те стават во некоја група. Едно време црното беше некако таман. Демек за сите пригоди, без привлекување многу внимание. Но, сега е … што да кажувам си знаете, како што си знаете и дека портокалево е етикетирано и розево и плаво и жолто ..ех … сите бои споени со одредени мислења и ставови.. штета ..убаво беше кога боите беа бои … едноставно бои.

И пак истите проблеми на плата и сметки и забрането пушење, пиење , плукање, љубење, а гушкање не знам дали забранија во јавност? Да, бе… таман.. зашто да е дозволено кога може да е забрането…а Бране отиде војска и така ништо не прајме..

Туку муабето ми беше дека ме гребе однатре некое црвче ми вика до кога бе.. до кога моќта ќе остане во парите.. до кога љубовта ќе ја потценуваат.. зарем и душите ќе почнеме да ги продаваме…? Некако ме болат нештата …сите нешта околу.. внатре навлегуваат и да не дозволиш и да дозволиш и да пробаш да останеш со рамнодушност…не ја бива… не ја бива…

Не знам ни што сме ни од кај сме ни кој сме…али може ли едноставно да живееме… како луѓе…не како стоки.. не како …??? По ѓаволите немам решенија… и пак ќе се чека времето да разреши.. а може ли?

Ми се чини многу реална една поговорка која вели дека треба да изедеш по една крастава жаба секое утро за ништо полошо да не ти се случи понатаму.. веројатно и така е… ја праам грешка… почнувам со убаво.. хммм  )

ајда не го тупам.. релаксирано..смирено…љубов да има лошо да нема…

http://spring.blog.mk/2010/03/12/cisto-onaka/

Skolka

Школка

Се отворив

Како морска школка

Моите песни

Се моите бисери

Некогаш бели

Некогаш црни

За мене секогаш

Убави

http://sneznobela.blog.mk/2010/03/04/skolka/

Pogresno drustvo



Значи,

Коа ќе упаднеш у заебано друштво, прави се мутав и биди cool

умната таа

http://django.blog.mk/2010/02/03/pogreshno-drushtvo/

Kaj najde bash slivata bre Gospodi!

Кај најде баш сливата бре Господи!

На Климе и Љуба Јолдески.
Со љубов.

благодарност до Ристо Тодороски
кој ме научи дека дрвото можело
поголем пријател и од човека да е.

Се нишет веткине од петровкана в двор. Дуват ветарон и кршит гранки. Дедо со солзи на очи се загледал од пенџера во нејзе и плачит ко мало дете да е. Липат бре! Не мојш да познајш дал капки дожди или солзи чоечки се тркалет по џамот. Дождот уш појче се засилвит. Баба ми се оптегнала на двоседот. Некогаш и чукет клукајдрвците на старост в гла и си ја врзвит со шамија натопена во ракија. Му ја трошит на дедо ми. И сега во собата се осејчат нејзиниот мирис од 50-тина степени.

„ Море Климе! Здравјето за дрвјата си го потроши. Лозјето шујчур го искорнаа, сега си се запнал за петровката!„ – му привиквит таа со грб свртена кун пенџера и не гледат дек тој не е појче тука.

“ Малку ми беше шо автобусине 20 години жени ти беа, па сега морам да те менвам и со дрвјава. Барем во еднина да можев да проговора. Ти ме изневервиш мене. Требит да те остам.“ – си продолжвит да зборвит таа до бескрај, а надвор се појче и појче се засилвит невремето.

Дождот почвит да ја поткопвит земјата. Едно пластичното шише со мал прополер, поставено хоризонтално со детска прецизност, шо комшијана си го стајл во дворот за да го кажвит правецот на ветарот, не знајт кај да се свртит. Дедо ми се качил на една дрвена скала и се тетерајт појче од пустата петровка. Се фатил за две поголеми гранки и ги држит со сета сила шо ја имат и шо ја немат. Не дека помогвит нешто, али то е… дрвото морат да се спасит. Од левата страна пукна една поголема гранка. Дедо ми киснит и ич не му се бендисвит то шо господ го пуштил на центрифуга. Одма после мислата – падвит од на скала.

„ Ми бучит телевизоров“ – си зборвит баба ми горе во дневната, напразно. „ Само овије животниве можа да ги гледа. Тие не викет и интересни се. Само зми да не ми дает.“

Animal Planet се претварат во бела врева за кратко и сликата пак се врајчат.

„ Тргни се од таа пенџерата бре Климе!“ – викат баба ми со пола душа и навикната да не слушат ко че и зборвет, не чекат одговор назад, а и да сакат не мојт да го добиет зш дедо го гушнал стеблото и викат кон небото: „

Остај ми сливата бре Господи! Посади си твоја! Имаш и ти деца, гарант знајш како е пролетно време!“

Баба ми го слушат извикот и мислит дека дедо то уште од соба го викат.

„ Климе! Кај се видело бре чоек да го застанит Господа! Остај ја сливата! Децана и така не јадет појче такви работи“ му викат и менвит баба програма. Почвет вести.

„Поради постојаните врнежи од дожд, што не престанува во Охрид, нивото на езерото и натаму расте. Денес водостојот што е за еден сантиметар повисок од вчера, се искачи на 74 сантиметри над нултата или 16 сантиметри над максимално дозволената точка.“

„ Ето! Че ни се полавит Струга златна, а ти за сливата си се запнал. Ти викам ја – како че речит Господ така че бидит. Све ти е за џабе. Не туку викај.“

„ Како че ти беше тебе бре Господи, син ти да не фатеше ниедна риба! Само за него знајш од невреме убај работи да прајш! Ја овде по мајка дан сум дојден! Остај ми ја сливата, жити небото!“ – продолжвит дедо ми да му прајт трикој на Господа.

Комшијата слушанал дека некој викат и излегол надвор. Го гледат дедои му викат да се приберит внатре, да не се буалејт по дождот, а овај цел во кал, не го ни примејчат.

„ Ништо не слуша, пустината!“ си дрдорит баба ми напразно горе. „ Че се поплавиме или нема да се поплавиме!? Зш ако се поплавјаме, да си го трна причето од долу.“

„ Струшко…. Калишта… брановите…“ – сецкат спикерката во ушите на баба и таа слушат ама не дослушвит.

„ Аха… до Калишта стигнало… До овде дур дојт имат време. Да го прибериме причето Климе? …О, Климе, кај Талјанцине дан појде бре!?“

Наеднуш влегивт тој сиот во кал и созли. Надвор угреват сонце. ЦЕла бавча е разорана и испокршена. Петровката уште снажно се вејт на сега вејче топлиот ветар. Останала жива.

„А сега вести од светот!„

„ Кај беше бре кукајчо! “ му викат баба ми Љубичица на дедо ми Климе Јолдески.

„ Ја спасвев петровкана! Жива е! Ти ојдоа патлиџаните пофира. Че имат сливи за Wezdensky, битно“

„ Аха, че имат, че имат…. дур не дојт бранон од Калишта“

http://enhalon.blog.mk/2010/02/23/kaj-najde-bash-slivata-bre-gospodi/

Dzovana

Џована најчесто е на 538 метри надморска висина
Одам некогаш и таму…а
ми требаше време да го разберам тоа…
да ја разберам таква…
Да ја засакам Џована, другарка  ми…
… додека првпат и барав фигури во филџанот
играјќи претскажување…
Невидено средена, на сите начини
таа го чека својот маж
во својот живот…
Најавен ко фигура на Орде Чопела
оти за неа треба баш некој таков…
Да те тресне одземи…
оти твоето дишење на надморска висина
те прави посурова од природта
А мажите не се такви, златна и велам,
Мораш да го омекнеш јазикот
исто како со вината кои ги дегустираш
за да ги дотераш до крај, до одличност
груби и божем рустични
А толку опојни, оти се природни…
Нема ништо лошо во опуштањето…
… само ослободен предел…
Како тој таму по кој трчаш со денови
низ редови и козји патеки
Пливаш во опојност…постојано
И Боже, како толку трезна пак остануваш…
Ќе мораш Џована, едноставно,
да ги голташ голтките вино
наместо да ги исплукуваш во аванот…
И не ми зборувај за хемија…
оти често има задоцнети реакции…
И доста е веќе…
по комплетното… по целото …
време е да тргнеш Џована…
http://medeno.blog.mk/2009/11/11/dzovana/

3.347 дена…

Не , ова не е пост за љубов како онаа меѓу дечко и девојка… ова е пост за онаа љубов, безусловната, онаа љубов што не умира што и да направиш, онаа љубов што не гледа на твоите недостатоци и твоите грешки во животот, онаа љубов што те воздигнува… и доколку ја снема секогаш ти остава еден дел празен без разлика колку љубов добиваш од сите околу тебе, онаа љубов која доколку прерано ја снема те тера пребрзо да пораснеш, онаа љубов која и во најголемата смеа ти ги остава очите тажни, онаа љубов како спрема татко и ќерка…

Точно 9 години и  2 месеца… вкупно 3.347 дена поминаа, а сеуште неможе да се надомести…

Мислам дека и никогаш нема да се надокнади… може само да се прилагодуваш, а мислам дека колку повеќе време поминува, толку е потешко… а сите викаа дека со тек не време ќе помине… врска немаат… криво ми е што морав да раснам само со едно крило… ама ако си доволно упорен, со тек на време ќе се усовршиш и можеби и ќе станеш најдобар, подобар и од оние што летаат со две крила… спомените секогаш болат, секоја смрт е тажна… ги мразам оние сочувствителни погледи врз мене… ми се повраќа кога некој ќе ми рече дека сум силна… подобро не викај ништо, подобро не ме ни гледајте… оди си дома кај своите деца и гушни ги… јас ќе си ги гушнам спомените! Ме греат повеќе од вашите излитени зборови, и од истрошените реченици што не ги ни мислите… додека ви го послужат јадењето ќе заборавите што сте рекле…

Онака, само ми фалат некои работи што никој не може ни да ги изглуми…

Ми фали кога во трето одделение му го истегна увото на мочкото што ме маваше со снег… сакам сега така да им го истегнеш  увото на сите дечковци кои ме донеле до солзи…

Ми фали кога игравме шах до ниедно време… сега… сама играм шах, се борам против многу коњи, кралици, ловци… а јас сум само еден обичен пион.

Ми фали времето кога ти викав да не пушиш кај мене во соба… сега… јас пушам и за двајцата… димот го пополнува просторот кој е празен… а требаше да се исполни со твоите зборови… сите оние совети кои ми беа потребни, па морав да осознавам на потешкиот пат…

Ми фали крилото кое ме гушкаше секогаш кога ќе помислев дека оваа планета е најгадното место на кое сум можела да се родам… можеби и сеуште го мислам тоа, ама се обидувам понекогаш да се скријам во светот кој сама си го креирам.

Ми фали времето кога влегуваше кај мене во соба и пред моите другарки го играше оној твој смешен танц… се срамев тогаш… а сега мислам дека е најубавиот  танц што некој го измислил само за да ме насмее…

Ми фали и времето кога јас тебе те засмејував… ги облакав твоите алишта и глумев дека сум ТИ… сега… неморам да глумам… често приметувам кај себе твои реакции… и мило ми е…

Ми фали времето кога ќе ме седнеше во скут… тоа беше најубавиот трон на кој сум седела.onewingedangel6-2

Им завидувам на сите што имаат две крила… и плукам на сите оние што не го ценат тоа и без разлика што имаат две крила секогаш ќе останат атрофирани… ги газам сите кои викаат дека се несреќни, а уствари поим немаат што сакаат во животот… им се восхитувам на оние кои секогаш се насмеани иако одвнатре се растргани на сите страни… мавам шамари на сите кои имаат мизерни самосожалувачки фаци… и им симнувам капа на оние кои продолжуваат каде што застанале и после претрпена најголема несреќа… им се смеам на сите оние кои не знаат што ги прави среќни… и се држам блиску до оние што и во најголемата тага не забораваат да му се радуваат на сонцето…

Сепак летам… иако некогаш ме боли онаа другата страна…

http://soncogleda11.blog.mk/2010/01/30/3-347-dena/

Kukjata

О не ја продавајте куќата!

Таму ми се сите спомени

деновите кога растев во соништа,

каде играв со кал

правејќи ги најголемите кулинарски специјалитети.

О не ја продавате куќата!

Таму се сите мои некогашни лудории

каде сите мачки

беа повивани како мои бебиња,

каде ги цртав на задниот дел од ѕидот

сите најубави уметнички збиднувања.

О не ја продавајте куќата!

Таму  се сите мои детски бајки

дури и кога низ мрежата на очите што печеа

ја гледав најубавата недопрена природа,

каде фестивалски ги испеав сите модерни песни

во влечките на дедо ми.

О не ја продавајте куќата!

Таму се сите мои мали замотани надежи

еден ден и јас да господарам со неа,

каде ќе играат моите внуци

во влечките негови…

Ох не ја продавате куќата!

http://lalande.blog.mk/2010/02/20/kukata/#comment-503